четврток, април 13, 2006

Гностичките евангелија

Едно од најголемите пронајдоци во историската наука, по Втората светска војна, е секако пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади. Се работи за гностички текстови, вкупно 52 на број, пронајдени во 1945 година во Наг Хамади, Северен Египет, од страна на локален селанец. Сепак, на првиот нивни целосен превод се чекало цели 30 години; преводот на текстовите од Наг Хамади е направен во 1977 година од страна на Џејмс Робинсон – J.M. Рobinson, The Nag Hamadi Library, New York, 1977.

Овие текстови, напишани на коптски јазик, се од извонредно големо значење за историската дисциплина која се занимава со проучувањето на раното христијанство. Имено, се до нивното пронаоѓање, речиси се што се знаело за гностицизмот (христијанско, во одделно сегменти, дуалистичко учење, кое од правоверната Црква било прогласено за еретичко) потекнувало од извори од негностичка провиниенција. Со пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади, за прв пат, историската наука дознала за гностичкото учење „од прва рака“, лично од гностиците. Оттука е заклучокот дека и покрај нивната очигледна апокрифност и неавтентичност, преку деталната анализа на текстовите на гностичките евангелија се овозможува поцелосно разбирање на раното христијанство, неговиот развој и ширење.

Според анализата на копското писмо, анализата на папирусот, како и хемиската амализа на кожниот подврз кој бил употребен за зацврстување на текстовите, со релативно голема сигурност може да се претпостави дека пронајдените гностички ракописи датираат меѓу 350 и 400 година. Сепак, општо е уверувањето дека се работи за преписи на постари текстови, најверојатно напишани на старогрчки јазик, а потоа преведени на коптски. Единствено полемика предизвикува прецизното датирање на претпоставените оригинални текстови. Најголемиот дел познавачи на оваа проблематика, оригиналните гностички евангелија напишани на старогрчки јазик, ги датираат во периодот до 120 – 150 година. Ова тврдење се заснова пред се на пишувањето на лионскиот епископ и маченик Иринеј, кој во своето дело Contra Haereses, III,IX, 9, датирано околу 180 година, напишал дека гностиците поседуваат повеќе неавтентични евангелија.

Некои научници (Helmut Koester, Introduction of the Gospel of Thomas, New York, 1977; Elaine Pagels, Gnostic gospels; Стивен К.Баталден, Преиспитување на традицијата) одат дотаму што сметаат дека гностичките евангелија содржат релативно автентични преданија од втората половина на I век. Сепак, за воља на вистината, мора да се признае дека оваа теза наидува на сериозни критики од страна на другиот дел од научната јавност.

Во гностичките текстови е изнесено учењето на гностичките религиозни групи. Иако, голем дел од она што го содржат овие текстови е речиси идентично со Новозаветните дела, сепак, тие содржат и идеи кои од страна на правоверната Црква биле прогласени за еретички. Во нив се критикуваат некои од христијанските догми, како што е безгрешното зачнување и телесното воскресение на Исус. Спротивно на правоверната Црква, гностичките евангелија упатуваат на Бога како на татко и мајка т.е. го потенцираат женскиот елемент на Светото Тројство.

Само како куриозотет ќе пренесам еден цитат од Евангелието според Филип – текст пронајден со останатите гностички евангелија во Наг Хамади.

„...сопатник на Марија Магдалена е Спасителот. (Но, Христос ја сакаше) неа повеќе од сите ученици и ја бакнуваше (често) во (уста). Останатите (ученици беа навредени)... Му рекоа: Зошто неа ја сакаш повеќе од нас? Спасителот им одговори и рече: Затоа што Вас не ве сакам како што ја (сакам неа)“. Филип, 62, 32 – 64.

Сега ви е јасно од каде Ден Браун добил инспирација да ја напише неговата Кодот на Да Винчи. Го искористил овој пасус од псеудо - Евангелието според Филип да да напише историска фикција. Според мене, многу лош обид. Книга воопшто не ми се допаѓа – но нели: De gustibus non est disputandum .

Со гностичките евангелија започнувам со серијата текстови посветени на христијанството, а како увертира кон големиот христијански празник Велигден.

6 коментари:

Анонимен рече...

браос другарче,одличен блог!малу појќе време ми требаше да го разгледам пошто сум прв пут али браос!

Анонимен рече...

браос другарче,одличен блог!малу појќе време ми требаше да го разгледам пошто сум прв пут али браос!

Анонимен рече...

ме следиш Бодане, а...паметно..ме бендиса постот за Гносточките Евангелија (иако искрено многу малку знам за нив), па бидејќи имам намера да ги препорачам текстовиве , Кибицеру, би те замолила само да ми ги ,,набациш" насловите кои имаш намера да ги постираш во идниот период.

Драган Зајковски рече...

Фала Бодане. Добредојден си во секое време. Поздрав

Анонимен рече...

Cool guestbook, interesting information... Keep it UP
»

Анонимен рече...

Delete shis text plz. Sorry