Оригиналниот текст на песната Лили Марлен бил напишан за време на Првата Светска Војна од страна на германскиот војник Hans Leip (1893 – 1983). Тој, во 1915 год. додека заедно со својата чета чекале да бидат префрлени на Рускиот (источен) фронт, ја напишал поемата „Песната на младиот стражар“, чиишто зборови, 24 години подоцна, ќе станат текст на песната „Лили Марлен“.
Лили Марлен е името на главниот женски лик во поемата на Ханс Леип. Според првата верзија, името Лили Марлен било добиено како комбинација на името на девојката на Ханс која се викала Лили, и името на девојката на неговиот војнички другар која се викала Марлен.
Според друга верзија, Лили Марлен било името на извесна медицинска сестра која му дала перче од својата коса на младиот 22 годишен Ханс Леип, додека овој бил на стража пред касарната; одбројувајќи ги деновите пред да замине на Рускиот фронт.
Замислете го младиот 22-годишен војник на стража, како под светлоста на уличниот фенер, пред стражарската куќарка, се збогува од својата љубов, во очекување да замине таму од каде што ретко кој се враќа здрав и жив. Дали во тој момент Ханс го „болело уво“ за политиката на кајзерот и убиениот Австро – Унгарски претстолонаследник? Тешко веројатно. Баш му било гајле за големата светска политика и тоа што царевите и кралевите решиле да си играат војна. Единствено му било важно да остане макар уште еден ден со својата Лили Марлен. Оттука и искрените емоции во зборовите на неговата поема.
По дури 22 години откако била напишана, во 1937 год., „Песната на младиот стражар“ била објавена во стихозбирката на Ханс Леип. Таа веднаш го привлекла вниманието на Ноберт Шулц (1911 – 2002) кој во 1938 год. напишал музика и аранжман за нејзиниот текст.
Песната на Шулц насловена како „Девојката под фенерот“ – многу попопуларна како „Лили Марлен“ – во почетокот не наишла на симпатии кај раководството на Националсоцијалистичката партија на Германија; Јозеф Гебелс не ја сакал песната, а пак, Лел Андерсен (Евлалија Буненберг) (1905 – 1972) во почетокот одбила да ја пее песната. Па така, во првите години по нејзиното издавање (1938 – 1941), плочата на Лел Андерсон, на која меѓу другите се наоѓала песната „Лили Марлен“, била продадена во скромни 700 примероци. Свесни за нејзиниот евентуален антивоен карактер, германските власти веднаш ја ставиле „Лили Марлен“ под латентна цензура.
Сепак, и покрај прикриената цензура, по капитулацијата на Кралството Југославија, германското Радио Белград за прв пат ја пушта во етер песната на Лил Андерсен, Лили Марлен, и тоа во програмата наменета за Афричкиот германски корпус. Директорот на германското Радио Белград, поручникот Карл-Хајнц Рејнтген, на 18-ти август 1941 г. ја пуштил во програма песната „Лили Марлен“ како поздрав за некој негов пријател од Афричкиот корпус. Песната особено му се допаднала на феллдмаршалот Ромел, главниот командант на Афричкиот корпус, кој побарал од директорот на Радио Белград да ја пушта секој ден во 21:55 часот кога всушност завршувала програмата наменета за германските војници во Африка.
Меѓутоа, освен германските, песната ја слушале и сојузничките војници кои се бореле на Афричкиот фронт, независно од тоа што ретко кој од нив разбирал германски. Свесни дека „Лили Марлен“ е популарна сред британските војници стационирани во Африка, британската команда решила, ако веќе не може да им забрани да ја слушаат, барем да направи англиска верзија од истата. За таа цел, во 1944 г. Џ.Џ.Филипс и Томи Конор ја напишале нејзината англиската верзија. Исполнувањето на песната и било доверено на популарната британска пејачка Вера Лин. Набрзо по нејзиното прво емитување на Радио ББЦ во 1944 г. „Лили Марлен“ станала популарна не само меѓу британските војници во Африка и Италија, туку воопшто сред сојузничките сили.
Најпопуларната верзија на „Лили Марлен“ е препеана од страна на легендарната Марлен Дитрих (1901 – 1999).
Но популарноста на Лили Марлен не згаснала со завршувањето на војната. По 23 години од завршувањето на Втората светска војна, во 1968 г., песната Лили Марлен е на врвот на топ листите во САД; во 1981 г. на германските, а во 1986 г. на јапонските музички топ листи.
Заклучно до денес, песната Лили Марлен е препеана на 48 јазици, вклучително на француски, руски, па дури и еврејски. Освен тоа, универзалната популарност на „Лили Марлен“ сеуште е предмет на интердисциплинарна расправа. Зошто песната била екстремно популарна меѓу обичните војници од двете завојувани страни?
Доколку сакате да ја „симнете“ Лили Марлен, кликнете на овие два линка:
3 коментари:
Koga stanuva zbor za nasiot vlez vo EU, i odnosite so NATO, jas mislam deka na site makedonski politicari (i pozicija i opozicija i tret pat) oficijalen hit im e pesnata na duoto "Lastovica": "Pusi, pusi, pusi me, gale si nemame, pusi cela nacija so garancija". Pa, narode apla-udiraj!
Excellent, love it!
» »
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. » » »
Објави коментар