Родена е на 9-ти декември во 1895 година во Шпанија. Во 1918 г. под псевдонимот La Pasionaria, таа ја објавува својата прва статија во која главен акцент е ставен на социјалните услови во Шпанија. Две години подоцна, во 1920 г., станува член на новоформираната Комунистичка партија на Шпанија (КПШ). Како кандидат на шпанските комунисти, Долорес Ибарури е избрана за пратеник во „републиканскиот“ парламент.
По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Долорес Ибарури, верна на своите убедувања застанува на страната на републиканската опција наспроти профашистите на Франко. Популарноста ја стекнува со своите неколку храбри говори во кои од шпанскиот народ барала безусловно да застане на страната на демократските сили. Во еден говор од 1936 г. Долорес Ибарури на шпанскиот народ му порачува: „...подобро е да умрете на вашите нозе, отколку да живеете на колена“. Позната е нејзината изрека, кажана на шпанското радио на 18-ти јули 1936 г., изрека која ќе стане мото на шпанските републикански борци и синоним за поздрав на сите антифашисти во светот: NO PASARAN – Нема да поминат.
Непосредно пред победата на Франко во 1939 г. Долорес Ибарури ја напушта Шпанија и се засолнува во СССР. Од 1944 до 1960 г. ја извршува функцијата Генерален секретар на КПШ. Иако, тогашните политички аналитичари ја квалификувале како „тврд сталинист“, сепак, Долорес Ибарури, верна на своите демократски принципи, остро ја осудила советската интервенција во Чехословачка во 1968 година.
По смртта на Франко, а откако новите шпански власти дозволиле да биде регистрирана забранетата Комунистичка партија, на 13-ти мај 1977 г., по 38 годишен егзил, Долорес Ибарури се враќа во Шпанија. На следните избори е избрана за пратеник во шпанскиот парламент од редовите на КПШ. Поради здравствени причини Долорес Ибарури, по извесен период, дава оставка и се повлекува од активната политика. Сепак останува почесен претседател на шпанските комунисти. Умира на 12-ти ноември 1989 година во Мадрид.
Прв пат се мажи во 1915 г. за Хулијан Руиз, а се разведува во 1930 година. Мајка е на шест деца од кои само две го преживуваат детството. Нејзиниот син Рубен гине како офицер на Црвената армија во Битката за Сталинград. Во 1962 година Долорес Ибарури ги објавува своите мемоари насловени како „El Unico camino“ – Единствениот пат (во анг. изд. преведени како „Нема да поминат“)
9 коментари:
Немам што да додадам, секогаш на овој блог го читам она што сакам да го прочитам. Ко да ми ги читате мислите г-не Зајковски?
Како и да е, не знам дали ја добивте пораката, мене конекцијата ми е ем нестабилна ем непостојана, уште еднаш фала за одговорите и насоките.
Vlatko, citam tekstot za Pasionarija, nikade Mart ne se spomenuva. Nitu se rodila vo mart, nitu umrela vo Mart. Kibicer si pisuva za nea i toa e vo red, no deka ti gi cita mislite i deka "bas sakav da procitam nesto za..." e pomalku morbidno, ne mislis??
Фала Влатко.
Ја примив твојата e-mail порака. Се надевам дека барем малку ти помогнав за проблематиката што те интересираше.
Се читаме
поздрав
Leomax,
забелешката не ти е на место. Зарем мислиш дека на луѓето треба да се сеќаваме само на нивните родендени или парастоси.
Kibicer, statijata za Ibaruri e kako sto rekov sosema vo red(site statii sozadovolstvo gi citam), no lugjevo nekako "bas mislea" za temata pred ti da napises. Goran mislese na Milosevic vo momentot goga ti stavase tocka na statijata, a Vlatko na La Pasionarija koga ti i ja stavase slikata vo editorot. Mozebi tvoi studenti? :)
Kolku za mene, te molam nemoja da pisuvas za temi koi mene mi se denes aktuelni ili sum razmisluval vcera :))
Не ми беше тоа муабетот, драг(a)? leomax.
Tоа само како шега, пред некое време дискутиравме со некои луѓе за Шпанската граѓанска војна, јас се најдов себеси со многу непознати, дури и основни работи, и баш сакав да прочитам нешто околу тоа.
Бидејќи стручно поле на интерес ми е нешто сосема различно од историја ил политика, не најдов време самиот да побарам било што во вркс со тоа.
Затоа и искоментирав, онака, полушеговито, дека се што сакам да прочитам во врска со историја го има на блогов, во преносна смисла, дека Кибицер обработува теми што и мен ми се актуелни.
Тоа.
Поздрав
Leomax,
Без заговорнички теории. Со Горан и Влатко сме се нашле на иста бранова должина и тоа е се. Твојава забелешка не е воопшто на место.
haha, e aj taka neka e :))))
ха, ха, и да се кладиш дека така е:)))
Објави коментар