Првите антисемитски мерки директно насочени против еврејското население во Македонија биле воведени уште на почетокот од бугарската окупација во април 1941 г. Веќе кон крајот од 1942 г. бугарската фашистичка влада и германската нацистичка влада влегуваат во директни и конкретни преговори за ликвидирање на еврејското население во Бугарија и на териториите окупирани од неа, вклучително и Македонија. На 22-ри февруари 1943 година во Софија е потпишана спогодба за депортација на Евреите од териториите окупирани од страна на Бугарија, односно од Тракија и Македонија. Спогодбата била потпишана од Александар Белев, комесар на Комесарството за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје во Софија, и германскиот полномошник капетанот на заштитните одреди (СС-хаупштурмфирер) Теодор Данекер.
За конкретната одговорност на бугарскиот цар Борис за депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта сведочи и телеграмата од 4-ти април 1943 г., испратена од министерот за надворешни работи на нацистичка Германија Фон Рибентроп, до Германската легација во Софија, во која се вели „… Царот изјави дека досега дал согласност за иселување во Источна Европа само за Евреите од Македонија и Тракија. За Евреите од самата Бугарија тој сака да се иселат само еден мал број болшевичко -комунистички елементи. Другите 25.000 Евреи ќе ги собере во концентрациони логори во земјата, зашто има потреба за градење на патишта...“
Според планот на бугарските окупациони власти, македонските Евреи требало најпрво да бидат однесени во скопскиот Монопол, а оттаму да бидат депортирани во Треблинка.
По направените подготовки, бугарските власти во раните утрински часови на 11-ти март 1943 г. започнале со апсењето на Евреите во сите македонски градови. Како резултат на полициската акција, во скопскиот Монопол биле затворени 7.215 Евреи.
Депортирањето на македонските Евреите од скопскиот Монопол во Треблинка се одвивало во три етапи; Првиот транспорт со скопски Евреи тргнал на 22 март 1943 година; Вториот транспорт тргнал на 25 март со дел од скопски, сите штипски и група битолски Евреи; а Третиот транспорт тргнал на 29 март со околу 2.500 души. За жал никој од македонските Евреи не успеал да преживее. Сите биле задушени во гасните комори.
Следниот пат кога Симеон Саксобурготски ќе реши да ја посети Македонија, најмалку што треба да направи е да и се извини на македонската еврејска заедница за политиката на неговиот татко, кој е еден од директно одговорните за депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка.
4 коментари:
Cool blog, interesting information... Keep it UP Washington car sales Office 2003 umax ppc
Актуально. Почитать было интересно.
Постовые продаёте?
We are a group of volunteers and starting a new scheme
in our community. Your site provided us with valuable info to work
on. You have done an impressive job and our entire community will be grateful to you.
Feel free to visit my homepage ... senseo pas cher
Sourire,gigantesque sous-marin au-dessous mendier au-dessus Psychologique pirater un compte facebook c est quoi.
prévision considérant contenu compte facebook temporairement verrouillé virus.
Објави коментар