петок, март 10, 2006

Некогаш и сега: браната Матка



Браната Матка е проектирана од страна на архитектот Миладин Пеќинар. Градежните работи поврзани со нејзината изградба целосно завршиле во 1938 година кога всушност бил изграден патот кој денес води од браната до манастирската црква Св.Андреја и планинарскиот дом. Дотогаш патот до Св.Андреја бил исклучително тежок и тешко достапен.

Првата фотографија е направена во годините од 1938 до 1941 г. и во позадината може да се забележи објектот на тесниот пат до Св.Андреја, непосредно пред мостот на браната. Денес тука се наоѓа чуварската служба.

Втората фотографија е направена во 2003 година на приближно истата локација, пред чуварската куќарка.

3 коментари:

Клео рече...

Лесно ти е тебе да сканираш фотки од дедо ти, па да ги споредуваш со денешните. Што ќе прават моите внуци (ако и кога ги даде Господ) со моите резервни копии на фотографиите на ДВД? (филм не сум развил откако купив дигиталец - има една година). Нема да имаат на што да ги видат, веројатно. Или ќе откопаат некоја канта од подрум, па ќе мора да го откопуваат и агрегатот, па ако имаат среќа да останала некоја капка нафта во него, да ја вклучат и да ни се смеат на младоста и гломазната технологија :)

Убава ти е серијава споредби „некогаш и сега“. Мислиш да ги изодиш сите патеки на дедо ти? ;)

Драган Зајковски рече...

Којзнае каква технологија ќе има кога нашите внуци ќе имаат 30 - 40 години. Можеби ќе стиснат копче и ќе се појави холограм со ликовите од фотографијата:))) Како во Ѕвездени патеки и Малцински извештај.

Пред некој месец решив да ги ставам на CD сите фотографии кои останаа од моите баба и дедо. Навистина интересни фотки. Како на пример Ристичева палата и Камени мост за време на српско, скопскиот плоштад за време на бугарско, доаѓањето на бугарскиот цар Борис во Скопје, неколку партизански фотки, фотографии непосредно по ослободувањето и сл.

Најпрво ќе следат фотки од Матка. Со дедо ми Драган имавме заедничка слаба точка; МАТКА:)))

Анонимен рече...

Looking for information and found it at this great site... epil+hair+remover bikini dare cj dick smith electronics dvd portable player Flight discounted flights rio grande Rca drc220n dvd player literotica com 36 refrigerators drug vicodin 349 dried flowers Roof racks freelanders paxil+and+hot+flashes 2000 kia sportage ex Ice machines belgium