среда, март 08, 2006

Клара Цеткин

Историјатот на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин (1857– 1933). Родена на 5-ти јули 1857 г. во Видерау, Клара Цеткин дипломира на Женскиот колеџ за учители во Лајпциг. Уште за време на нејзините студии активно учествува во тогашното социјалистичко движење во Германија. Поради своите активности принудена е да ја напушти Германија. Во 80-те години на XIX век, заедно со својот сопруг, рускиот комунист Осип Цеткин, живеат во Швајцарија, а потоа се преселуваат во Париз.

Во 1889 г. Клара Цеткин учествува на основачкото собрание на Втората Социјалистичка Интернационала, а веднаш потоа се враќа во Германија.

Во периодот од 1892 г. до 1917 г. живее и работи во Штудгарт каде го издава весникот Еднаквост. Таа е една од основачите на Меѓународниот социјалистички женски конгрес чие основање се датира во 1907 година. Три години подоцна, во 1910 г. на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената, без притоа да се прецизира неговиот датум. Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите за работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството.

Веќе наредната 1911 г. празникот на жената е одбележан на 19-ти март, а дури по револуцијата во Русија и победата на болшевиците, како Ден на жената е прогласен 8-ми март, датум на кој во 1917 година жените во Москва одржале големи антивоени демонстрации.

Што се однесува до понатамошната улога на Клара Цеткин во комунистичкото движење во Германија, нејзината активност била насочена во правец на подобрување на статусот на жените. По започнувањето на Првата светска војна, Клара Цеткин активно учествува во антивоеното движење. Таа во 1915 г. во Берн учествува во организирањето на Меѓународната женска конференција против Првата светска војна, а во 1916 г. е еден од основачите на Спарташката лига. На конгресот одржан од 30-ти декември 1918 до 1-ви јануари 1919 г. било решено Спарташката лига да прерасне во Комунистичка партија на Германија. Истата 1919 г. Клара Цеткин била избрана за член на ЦК на КП на Германија.

Во 1921 г. Клара Цеткин е избрана за член на Президиумот на Третата Интернационала. Тоа е една од причините да се пресели во Москва каде важела за близок соработник на Ленин. Меѓутоа, по неговата смрт во 1924 г. и доаѓањето на Сталин на чело на СССР, влијанието на Клара Цеткин во Интернационалата и воопшто во женското работничко движење, постепено почнало да опаѓа.

Клара Цеткин умира на 20 јуни 1933 г. во градот Архангелск, СССР.

п.с.
му благодарам на Александар за советот околу транскрипцијата на презимето на Клара Цеткин.

5 коментари:

Клео рече...

Кибиц,

зошто ја пишуваш Зеткин, а не Цеткин? Швабица е? Zetkin на германски се чита Цеткин. И на сите други јазици. Еве ти енциклопедиски линк

Клео рече...

ми излета паблишот предвреме.

Прво што го има на линкот, покрај името, е изговарањето.

Немој вакви работи, не ти личи ;).

Драган Зајковски рече...

моја грешка. Фала Александар. Веднаш ќе исправам. користев англиска литература. англичаните ја пишуваат Zetkin.
уште еднаш фала, мајсторе.

Анонимен рече...

Keep up the good work »

Анонимен рече...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. final fantasy 7 hardcore hentai Blindfold gang bangs washington circuit breakers Decks patios driveways bunkerville nevada National latin exam answer key Cum domains pussy Mature sexy english women