недела, февруари 26, 2006

епископите од Македонија во IV век

Почетоците на христијанството во Македонија се тесно поврзани со мисионерските патувања на апостолот Павле кој на три пати ја посетил Македонија. Неговите посети во Македонија се датираат во 50-те години на I век кога всушност биле формирани првите христијански општини во македонските градови Филипи, Солун, Бероја (Верија), а подоцна во II век најверојатно и во Амфипол,Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос, Баргала, Скупи и др. Сепак поконкретните податоци во наративните извори за црковната организација во Македонија се датираат од IV век, или поточно по 313 г. кога христијанството било признаено за рамноправна религија во Римската Империја.
Во продолжение следи табеларен список на сите епископи од Македонија во IV век и контекстот во кој истите се спомнати во изворите.

епископија

име на епископот

Во кој контекст се спомнуваат во изворите


Солун

Александар

Првиот вселенски собор во Никеја во 325 г.; осветување на црквата во Ерусалим во 335 г..


Аециј

Соборот во Седика во 343 г.


Ахолиј

Вториот вселенски собор во Константинопол во381 г.;

Во двете писма на папата Дамас I;

Синодот во Рим во 382 г..



Бероја(Верија)

Гераникус

Соборот во Сердика во 343г.


Стоби

Будиус

Првиот вселенски собор во Никеја во 325 г.


Евстатиј

Епиграфски натпис, IV век


Филип

Епиграфски натпис во епископската базилика, IV – V век


Хераклеја Линкестис

Евгариус

Соборот во Сердика во 343г..


Лихнидос

Сосимус

Соборот во Сердика во 343г.


Баргала

Хермија

Епиграфски натпис на влезот од епископската базилика, IV век


Диоклетианополис

Басус

Соборот во Сердика во 343г


Филипи

Порфириус

Соборот во Сердика во 343г


Дион

Паладиус

Соборот во Сердика во 343г


Партикопол

Јонас

Соборот во Сердика во 343г


Скупи

Дакос

Првиот вселенски собор во Никеја во 325 г.


Парегориус

Соборот во Сердика во 343г.