Замислен како грандиозен објект кој требаше да стане главно обележје по кое ќе го препознаваат Скопје, денес крстот на Водно е оставен на забот на времето. Секој кој се искачил на Водно имал прилика да се увери во неговата катастрофално лоша состојба. Осветлувањето е очајно, секојдневно прегоруваат сијалици кои нема кој да ги замени, приземјето протекува, подот на двете платформи е распукан, а на оградата се забележуваат првите знаци на корозија.
Но ова не е она најстрашното. Поради оштетеноста на преградната врата речиси не постои препрека за преминување од првата во втората повисока платформа. Ова е особено опасно поради фактот што од втората платформа започуваат скалите за качување кон врвот на објектот кои се во фаза на метална конструкција без никаква заштитна ограда.
Јас, лично, сум имал прилика, само во минатата година, на пет – шест пати, да бидам сведок како недоделкани тинејџери влезени у филмот на Чигаљ Макс се качуваат по „скалите на смртта“ нагоре до врвот на крстот. Само среќа ги спасуваше од најлошото.
Некој ќе рече самите се виновни; кој ѓаол ги тера да се качуваат горе по скалите. Но и покрај религиозно – митолошките објаснувања за овие латентни самоубиствени искачувања на врвот на крстот, сепак одговорните треба барем малку од малку да се погрижат за безбедноста на посетителите. Или ако веќе не можат да ја гарантираат безбедноста тогаш нека стават ограда и забранат секаков влез во објектот.
Убеден сум дека ако нешто итно не се превземе околу безбедноста на крстот на Водно, само прашање на време е кога ќе се случи најлошото. А тогаш од нафталин ќе излезат разни народни правобранители, ќе фрчат обвинувања, ќе се ќаруваат ефтини политички поени, популистите ќе добијат на цена; де Бубе бил крив, де Црвениот ич не го болело за ВеМеРО-вската оставштина, де Трифке се успал, Грујо се оградил од проектите на Бубе, де Бучки сосе Рада и Шема биле свртени кон запад па немале време за доизградба на некакви крстчиња. Ама несреќата веќе ќе биде бидната. Откако некој ќе се направи „палачинка“ потоа ќе биде ептен касно за „јадење вафли“ независно од која кујна ќе ни се сервираат.
Особено е важно безбедноста на објектот да биде подобрена пред доаѓањето на пролетта и летото, кога фрекфенцијата на посетители е енормно голема и оттука можноста за несреќа е поверојатна.
Најдобар начин за надминување на тековните проблеми околу безбедноста и одржувањето на крстот е да се стиснат забите и целосно да се заврши неговата изградба. Па потоа ако немаат идеја како да стопанисуваат со него нека го дадат под наем. Нека го стопанисува тој што знае. Подобро така отколку вака да се распаѓа и да претставува место за потенцијална несреќа и сон за секој самоубиец.
4 коментари:
ха ...а имав напишано текст за ова ама сега најверојатно нема да иде на блог,да не се пофтараме:)
Според првичниот план колку шпто знам требаше да се изгради лифт .
Ако се направи тоа ќе може да се наплаќа од него и од тоа да се оддржува
ако не е доволно тоа...незнам..
ама како и да е вака не го бива.
Моби мајсторе објави го слободно текстот. Нема врска што ќе се повторуваме во темата. Очигледно сме на иста бранова должина:)))
Освен од лифтот, пари за одржување можат да се обезбедуваат и од наплаќање на влезници за влез во објектот (особено на странци), потоа ако се изгради ресторан - газдата на ресторанот преку ослободување од данок може да го одржува објектот. Постојат и мал милион други начини на обезбедување на пари за одржување. Треба само да има воља кај надлежните. Проблемот за жал очигледно е од политичка природа.
Ич не ни треба да има крст.
Ne gi procitav postovite na ovaa tema
Ме зачуди колку мочковци (и мочли)
биле противници.
Да верувале, да им речеш, ако не на крстот, ке му се молите на мојов.
Но пошто се тие надвор од сите вери, повторно препорака до нив.
Ај помолете му се на мојов, ке го смените мислењето
Објави коментар