Како што соопштува Лактантиј, Галериј (293 – 305 како совладетел) (305 – 311 како император) е првиот император, кој, иако за време на неговото владеење бил еден од најсуровите прогонувачи на христијаните, тој само неколку дена пред неговата смрт, на 30-ти април 311 г., во Никомедија издал едикт со кој наредил да се води толерантна политика кон христијаните. Меѓутоа овој податок се наоѓа само кај Lactantius, De mortibus persecutorum, XXXV, 3 – 4 и истиот не е вклучен во подоцнежните кодекси ниту е потврден во друг извор од тоа време; тука се мисли на Евсевиј Кесариски и неговите Црковна Историја и Животот на Константин, кои важат за доста сигурни извори за настаните од црковната историја датирани во првата половина на IV век, а во кои едиктот на Галериј воопшто не се спомнува. Оттука прашањето за неговата автентичност сеуште останува отворено.
Затоа во науката постои неподелено мислење дека Константин Велики е првиот римски император кој го признал христијанството за рамноправна религија во Империјата. На средбата со својот сојузник Ликиниј одржана во февруари 313 г. во Милано, Константин Велики го издал познатиот Милански едикт со кој христијанството било признато за рамноправна религија во Империјата. Во таа прилика Константин испратил писма до сите намесници на провинциите со наредба да запрат со сите прогони против христијаните. Со тоа завршил речиси 250 годишниот крвав прогон против христијаните и Црквата.
Причините за признавањето на христијанството за рамноправна религија во Римската империја, според историската наука, треба да се бараат во настојувањето на Константин да ја придобие поддршката од христијаните и истата да ја искористи во функција на зацврствување на својата власт.
Од друга страна Црквата, повикувајќи се на пишувањата на Евсевиј Кесариски и Лактантиј, признавањето на христијанството од страна на Константин Велики го толкува како божјо откровение. Признавањето се случува во периодот на граѓанската војна меѓу Константин Велики во сојуз со Ликиниј од една, и Максентиј од друга страна. Главната, пресудна, битка се случила на 28-ми октомври 312 г. под ѕидовите на Рим, кај Мулвискиот мост.
Како што соопштува Лактантиј (Lactantius, De mortibus persecutorum, XLIV, 5 – 6), Константин Велики пред битката сонил сон во кој му било откриено да го стави христовиот монограм на штитовите на војниците. Од друга страна кај Евсевиј Кесариски (Eusebius, De Vita Constantini imperatoris ad sanctorum coetum, I, XXVIII) се среќава податокот дека неколку дена пред битката, кај местото Saxa Rubra, во близината на Рим, Константин добил откровение во кое видел крст на небото со врежани зборови „touto nika“ („со ова ќе победиш“).
Неуспешен обид за обновување на прогонот против христијаните бил направен во времето на Јулијан Отстапникот (361 – 363).
По 79 години од Миланскиот едикт, во 392 г. со Едиктот на Теодосиј I христијанството станало единствената дозволена религија во Империјата, а сите други пагански култови биле забранети.
6 коментари:
nemam strpenie da go procitam seto ova a kamo li da komentiram ama sepak blogov ti e super ke posluzi nekogas za na cas po istorija/:))
Е мајсторче мое, историската наука, а посебно историските истражувања првенствено бараат трпение. Трпението е првиот предуслов. Без него нема ништо.
Да не те оставам без дополнение ;) - Црквата и ден денес го слави денот на донесувањето на Миланскиот едикт како Црковна нова година (1/14 септември).
Enjoyed a lot! Pee men my fioricet firoicet online purchase Jake gynelhal penis pee picsfree home decor with hummingbirds hyatt regency Verizon wireless to pay a+cell phone bill boys guys public pee peanut allergies on the increase why jewelry finding companies 20045 mitsubishi endeavor real peeing
Как говорилось на Seexi.net живу с мол.чел. люблю его,собираемся пожениться...НО в моих мыслях каждый день есть другой..тот в которого я с самого детства влюблена..у нас было пару лет назад роман,Но он бабник(( когда я его вижу меня жутко к нему тянет,(видемяс мы с ним некоторое количество раз в году,на д.р.общих друзей,туда я хожу без собственного мол.чел)...я часто о нем думаю..не знаю что мне делать...это ужасно...
Ми трохи труднощі підписатися RSS, в будь-якому випадку я книга має позначку це великий сайт, дуже корисно плюс заповнені інформацією.
Објави коментар