
среда, февруари 08, 2006
монета на којае претставена македонската Атена

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нашата слика за минатото не секогаш се поклопува со објективните историски факти. Затоа сериозно мораме да размислиме пред да донесеме некој историски суд. При составувањето на мозаикот на историските настани историчарот мора да се надмине самиот себеси, да излезе од сопствената кожа и без разлика на општествено - политичките влијанија и стравот од распетие да ја понуди објективноста како единствена алтернатива.
5 коментари:
македонска Атена :) ооо глупости...
и после ни се смеат комшиите, пакако нема...
Анонимрз...
Сите пагански системи имаат слични богови. „Македонска Атена“ е тука референца според која може да се одреди местото на божицата претставена на парата во македонскиот пантеон. Да имаш некое познавање за начинот на кој луѓето си го толкувале светот во текот на историјата, не би се бламирал вака.
Грчко-римските богови ти се познати бидејќи тоа е званична идеологија профурана од 19 век навака - откако западната секуларизирана цивилизација почнува да станува доминантна (глобализмот не е толку нов феномен). Меѓутоа, има луѓе што не се ограничуваат на тоа, па копаат и испитуваат и други извори - што не спаѓаат во истата матрица. Ако ти пречат луѓе што размислуваат со своја глава - оди пали амбасади.
Александар
Батали го anonymusot. Нема појма што пишува. Ете гледаш со какви неписмени си имаме работа. Типичен пример за претставник на бандата на Иљов и Белчев.
Во случајот со македонската Атена се работи за interpretatio graeca. Херодот пишува египетскиот Дионис, хетската Артемида и сл. На епитафот на Демостен пишува „О Демостене да имаше сила рамна на мисла, македонскиот Арес немаше да совлада Хелен“.
Најдобар пример за interpretaio graeca е пишувањето на Полибиј кај кого картагинските семитски богови имаат хеленски имиња. Наместо да си го крши јазикот со семитските имиња Полибиј ги пишува имињата на нивните хеленски пандани.
Самиот факт што за македонските божества класичните хеленски автори користат interpretatio graeca е факт за посебноста на античките Македонци. Ако биле Хелени, апсолутно не би имало никаква потреба од interpretatio graeca.
А типовите како anonymusot се единствено корисни да ни ги развеселат овие тмурни предизборни месеци. Да имаме на што да се изнасмееме.
By the way - како куриозитет во врска со муабетов.
Пред две - три години, СМК на Т.Петров во Прилеп свечено постави споменик на Александар Македонски. И до тука се е ОК.
Но по завршувањето на свеченоста, некои од членовите на СМК, а посебно членови на некое „фантомско“ друштво „Потомци на античките Македонци во Р.Македонија“ ни повеќе ни помалку отишле во православниот храм и побарале од свештеникот да одржи панихида за Александар Македонски.
Кое непознавање.
Се разбира свештеникот тоа го одбил со образложение дека Александар бил паган, а не христијанин. Притоа не ми е познато дали свештеникот откако си заминале незадоволните александровци паѓал од смеење или се „крстел со двете раце“. Ете дотаму може да доведе незнаењето. Освен тоа наредниот ден, ни повеќе ни помалку, изреволтираните наследници на Александар побарале смена на свештеникот.
What a great site »
Објави коментар