Со цел да се надмине исклучиво сложената положба во која се нашла МРО по Илинденското востание, особено со цел да се надминат проблемите и несогласувањата на внатрешно – организационен план, во октомври 1905 год. започнал со работа Општиот конгрес на Организацијата познат како Рилски. На него биле разгледани повеќе важни прашања од организациона и програмска определба.
На дневниот ред на Рилскиот конгрес се нашле следниве прашања:
- Минатата дејност и моменталните состојби во Организацијата по окрузи и околии;
- Идната дејност на Организацијата;
- Устројство и управување на Организацијата;
- Литература и печат;
- Односот и поведението на Организацијата спрема разните струења;
- Тактиката на Организацијата;
- Отчет за дејноста на Централниот комитет и Задграничното претставништво.
Во работата на Конгресот учествувале 21 делегат, меѓу кои: Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Борис Сарафов, Христо Чернопеев, Ѓорѓи Поп Христов, Мишо Развигоров, Борис Мончев, Аргир Манасиев, Добри Даскалов, Лазар Томов, Стоју Хаџиев, Иван Илиев, Илија Балтов, Лазар Маџаров, Стамо Икономов и др. За претседател на Конгресот бил избран Дамјан Груев, а за секретар Аргир Манасиев.
Уште на почетокот на Конгресот дошло до поларизацијата на ставовите по основното прашање за организационата поставеност на Организацијата. Помалубројната струја што ја предводел Дамјан Груев се залагала за обновување на централизираната организациона структура и авторитарен Централен Комитет. Втората, пак, мнозинска струја, во која се вбројуваат Јане Сандански, Пере Тошев, Ѓорче Петров, се застапувала за децентрализација и доследна примена на принципот на изборност. Во контекст на оваа полемика со свој став истапиле делегатите од Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ кои предложиле Конгресот да донесе решение за потполна автономност на револуционерните окрузи. Тие побарале и формирање на посебно претставничко централно тело на МРО - Централно биро.
По повеќедневна полемика, како компромис, Конгресот усвоил Програмска Декларација чии точки се вградиле во новиот Устав и Правилник на ВМОРО. По донесувањето на Уставот и Правилникот Конгресот избрал и Централен комитет во којшто влегле Дамјан Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов. Со ова всушност било обновено организационото единство на Организацијата. Освен тоа, било избрано и ново Задграничното претставништво во чиј состав влегле Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов. Истовремено, за редактор на весникот "Револуционерен лист" бил избран Димо Хаџи Димов. Судејќи според содржината на усвоените документи, како и според составот на раководните тела неспорно е дека Конгресот минал во целосна доминација и победа на реформско - демократските сили на Организацијата. За ова посебно бил заслужен Јане Сандански кој со својот авторитет придонел мнозинството делагати да застанат зад ставовите на реформско – демократската група.
Интересно е да се потенцира дека Конгресот донесол решение Организацијата повеќе да не се именува со Тајна, туку со Внатрешна Македонско Одринска Револуционерна Организација.
Делегатите на Рилскиот конгрес не го заобиколиле ниту прашањето за односот на ВМОРО кон врховистите. Конгресот испратил ултимативно соопштение до врховистите со кое се барало од нив да се самораспуштат и да ја прекинат својата дејност. Во соопштението, меѓу другото, се истакнувало дека Организацијата нема да трпи на територијата на Македонија никакви други групи.
9 коментари:
best regards, nice info »
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. http://www.down-blouse-9.info hoveround electric wheelchairs Search spyware toolbar Erotic pregnancy stories Advertising email marketing Recall on ecilps mitsubishi cars Chip customized poker set Free nokia ringtone compose Big breast lobers Affordable term life insurance in the us Antique toys pricing http://www.buy-bontril.info
why does the organisation left Boris Sarafov to be a part of the organisation,when everyone knew that he is against them and Macedonia too?
Your сurгent pοst οfferѕ estаbliѕhed necessary to me pегsonally.
It’s reаlly eԁuсatіonal and yοu're simply certainly extremely well-informed in this field. You possess opened our eyes for you to varying thoughts about this kind of topic along with intriguing, notable and solid articles.
Feel free to surf my site ... Xanax
Hi! I could have sworn I've been to this blog before but after checking through some of the post I realized it's new to me.
Anyways, I'm definitely glad I found it and I'll
be bookmarking and checking back often!
My website; how to buy a used car online
Hi therе eѵеryone, it's my first go to see at this web page, and article is really fruitful in favor of me, keep up posting these types of content.
my web site; Recycling cars For cash
Ηello very сοol web ѕitе!
! Guy .. Excellent .. Superb .. I'll bookmark your blog and take the feeds additionally? I'm glad tο seeκ out numerous
helpful information rіght here іn the ρubliѕh,
we'd like develop extra techniques on this regard, thank you for sharing. . . . . .
Take a look at my site: trade in cars for cash [www.grillcamp-stockdorf.de]
Hi, Neat post. There's an issue along with your website in web explorer, could test this? IE nonetheless is the marketplace leader and a good portion of other folks will leave out your fantastic writing due to this problem.
Feel free to surf to my blog ... buy a used car in michigan
whoah thiѕ blog is magnifiсent i love reading your
articles. Kеeр uр the good work!
You recognіze, lots of persons are hunting around for this information, уοu
can hеlp them greatly.
Ηere iѕ my web blog ... garages buying cагs for cash (http://wiki.rectech.org/index.php/User:AlvaCole)
Објави коментар