вторник, јануари 31, 2006

Мирцштегските реформи како обид за решавање на македонското прашање

По задушувањето на Илинденското востание положбата на македонското население алармантно се влошила. Ваквата послевостаничка состојба била повод некои од големите сили повторно да ја актуелизираат идејата за спроведување на реформи во Македонија. Во овој контекст особено треба да се издвои ставот на Русија и Австро – Унгарија кои прашањето за реформи во Македонија го сметале за еден од своите приоритети. Ова особено дошло до израз на средбата меѓу рускиот и австроунгарскиот цар одржана кон крајот на септември 1903 година во Виена. На средбата станало збор за состојбата на Балканот и можните мерки за смирување на приликите во Македонија.

Ваквата засилена, заедничка, дипломатска активност на Русија и Австро – Унгарија резултирала со донесувањето на Мирцштегската реформска програма. Имено, на 2-ри октомври 1903 г. претставниците на австриската и руската дипломатија, во австриското (штаерско) место Мирцштег, изготвиле посебна реформска програма која се однесувала на Македонија, која на 22-ри октомври и била доставена на Високата Порта. Во исто време со предлогот на мирцштегските реформи биле запознаени и другите европски дипломатии.

Главните точки на реформите од Мирцштег се однесувале на администрацијата и полицискиот апарат во Македонија. Со нив се предвидувало на чело на жандармеријата во Македонија да застанат странски генерал и офицери кои воедно би раководеле со реорганизацијата на полицискиот апарат. Во административен поглед Мирцштегските реформи предвидувале промена на границите на административните единици и реформа на судскиот апарат преку вклучување на христијаните во истиот. Во поглед на настаните од август – октомври 1903 г. со Мирцштегските реформи се предвидувало формирање на мешовити комисии составени од христијани и муслимани со задача да ги иследуваат сите направени злосторства за време на востанието, потоа надохнадување на штета, едогодишно ослободување на населението од настраданите села од плаќање на данок и распуштање на Башибозукот т.е. нередовната османлиска војска.

Надгледувањето на спроведувањето на реформите им било доверено на поставување на специјални странски претставници.

Иако на почетокот Портата изразила негативен став кон Мирцштегската програма, сепак, по силниот дипломаски притисок, на 24-ти ноември 1903 г. начелно ги прифатила реформите со забелешка дека го задржува правото за преговори за допрецизирање на поедини точки од реформската програма, а посебно во делот околу механизмите за нивната конкретна примена во пракса.

Сепак, и покрај декларативното прифаќање на Мирцштегската реформска програма, Високата Порта на сите можни начини се обидувала да ја успори и пролонгира нејзината целосна имплементација. Причината за ова треба да се бараат во фактот, што долгорочно гледано, реформите значеле пат кон автономија на Македонија, како еден од чекорите за државна независност.

Сепак, и покрај поволноста на реформскиот програм, раководството на МРО негативно се произнесло за истиот. Организацијата, соочена со внатрешните проблеми настанати по неуспешното востание, неможела да изнајде сили да ја согледа долгорочната корист од едни вакви реформи и да истите да ги поддржи. МРО и понатаму останала на позицијата за вооружена борба и „автономија веднаш“. Можеби ваквиот став на Организацијата, да отфрли секаква можност, преку постепени политички, административни и економски реформи да се дојде до македонска држава, се должи на нејзиниот слаб интелектуален потенцијал во тој период.

И покрај очигледното неспроведување на мирцштегските реформи, европските дипломатии продолжиле со настојувањето да се реши македонското прашање. Последниот обид за праведно решавање на македонското прашање, во периодот пред Првата светска војна, се датира во јуни 1908 година. Станува збор за заклучоците од позната „Ревалска средба“ меѓу рускиот цар и британскиот премиер. На средбата било заклучено двете дипломатии да предложат заедничка програма со која Македонија би добила вистинска автономија. Но започнувањето на Младотурската револуција, истата 1908 г., го спречила нејзиното спроведување.


Значи со заклучоците од Ревалската средба во јуни 1908 г., Македонија била најблиску до добивање на суштинска автономија.

3 коментари:

Анонимен рече...

Looking for information and found it at this great site... cisco lesson plans 1988 mecedes benz amg Poems about divorce Best buys hard drives black laid dating Lubbock answering service Chevrolet silverado stereo installation Lawsuit and moser trucking v. starck cameras surveillance traffic voip cell service Answering fax machine

Анонимен рече...

Отличная статья! большое спасибо автору за интересный материал. Удачи в развитии!!!
http://www.miriadafilms.ru/
istoricar.blogspot.com

Анонимен рече...

Почему регистрация не работает ?