Во времето на тој попис управник на Сирија беше Квиринеј.
Тогаш секој отиде да се запише во местото на своето потекло.
Така и Јосиф, кој беше потомок на царот Давид, тргна од галилејскиот град Назарет во јудејскиот град Витлеем, родното место на Давид.
Јосиф отиде таму да се запише заедно со својата бремена свршеница, Марија.
Додека беа таму, нејзе и дојде времето да се породи.
И роди Син, нејзино Првороденче, Го пови и Го положи в јасли, бидејќи за нив немаше место во ноќевалиштето.
Во истиот тој крај, имаше пастири кои ноќеваа во полето, чувајќи ги своите стада.
Одеднаш им се јави ангел Господов и славата Господова ги осветли, од што тие многу се исплашија. Но ангелот им рече: „Не плашете се! Ви носам радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи. "Денес, во Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот - Месијата, Господ. Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете Новороденче во повој."
Во часот, на ангелот му се придружија голем број ангели од небото, кои Го славеа Бога пеејќи: „Слава на Бога во небесата, а на Земјата мир за луѓето над кои почива Неговата благонаклоност!"
Лука 2, 1- 15
1 коментар:
Очень полезно
Објави коментар