Исламските верници Новата Година ја празнуваат на Курбан Бајрам. Исламската заедница како почеток на календарската година го зема бегството на пророкот Мухамед од Мека во Медина, настан кој се случил во 622 година. Оваа 622 година всушност е почеток на мухамеданската, т.е. исламската ера.
Според Куранот, секој муслиман, барем еднаш во животот, треба да отиде на аџилак во Мека и Медина. Аџилакот се реализира на празникот Курбан Бајрам, кога муслиманските аџии го изминуваат патот кој го поминал пророкот Мухамед, од Мека во Медина. Аџилакот завршува со симболичното каменување на ѓаволот.
Мухамеданската година е лунарна и се состои од 12 месеци, од кои непарните месеци (1,3,5,7,9,11) имаат по 30, а парните месеци (2,4,6,8,10 и 12) по 29 дена. Оттука, оваа лунарна година има 354 дена. Притоа, во циклусот од 30 години, 11 од нив имаат по 355 дена и тоа 2-рата, 5-та, 7-та, 10-та, 13-та, 18-та, 21-та, 24-та, 26-та и 29-та година.
На сите муслимани среќен и весел Курбан Бајрам
Нема коментари:
Објави коментар