недела, декември 25, 2005

Gregorijanski vs. Julijanski kalendar

Божик е празник кој според црковните канони, и оние на православната и оние на римокатоличката црква, секогаш се празнува на 25-ти декември. Од каде тогаш разликата од 13 денови, од ,,католичкиот до ,,православниот Божик? Проблемот е во календарот. Дури и терминологијата - ,,католички и ,,православен- е сосема погрешна, бидејќи речиси сите православни цркви го имаат прифатено грегоријанскиот (граѓански) календар. Единствено Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ, цврсто се држат до јулијанскиот календар.

Притоа се поставуваат неколку прашања.

Прво,

Дали со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Апсолутно НЕ. Тоа прашање не е предмет на црковните канони и оттука Црквата го оставила на решавање на науката. Мошне мудар потег. Така православната догма не фаворизира ниту еден календар, ниту јулијанскиот ниту грегорианскиот, оставајќи го тоа прашање на науката и пред се на слободното уверување на секоја православна црква поодеделно. Така, безмалку сите православни цркви, времето го сметаат според грегоријанскиот календар и оттука и Божик и сите други фикски православни празници ги слават според тој календар.

Второ,

Кој од овие календари е повеќе точен? Апсолутно грегоријанскиот. Тој впрочем е прифатен од безмалку сите цркви во светот. Да не говориме за неговата цивилна употреба. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија, Русија, секој од нивните верници на прашањето кога е Божик ќе ви одговори дека е на 7-ти јануари, што е апсурдно. Освен тоа, сите од нив Нова Година ја празнуваат на 1-ви јануари, а, според јулианскиот календар би требало на 14-ти. Оттука и апсурдноста од употребата на стариот јулијански календар.

Јулианскиот е постар и понепрецизен од грегоријанскиот календар. Негов автор е александрискиот астроном Созиген кој на иницијатива на Гај Јулие Цезар во 46 г. пред Ис. Хр. изработил нов календар. Според името на нарачателот и календарот бил наречен јулијански. Но, овој календар не бил сосема точен. Тој се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а, пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Оттука, веќе во средниот век, тогашните учени ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Свесни за неточноста на календарот, на иницијатива на римокатоличкиот папа Григориј XIII (1572 – 1585), во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. По 6 годишна работа комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата кој на 24-ти февруари 1582 година издал посебна папска була позната како intergravisimus. Во овој документ биле содржани т.н. Canones in Calendarum Gregorianum, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено, секоја година, пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21-ви март.

Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната ралика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5-ти октомври да се смета како 15-ти октомври.

Новиот календар бил наречен Грегоријански според папата Грегориј, кој ја спровел реформата, и истиот бил многу попрецизен од јулијанскиот, иако ниту тој не е сосема точен. Разликата меѓу грегоријанската и тропската (реална) година е еден цел ден на секои 3.000 години – што е многу попрецизно и поточно од јулијанскиот чија разлика само за една година изнесува 11 минути и 14 секунди.

Овој нов, грегоријански календар бил најпрво воведен во Италија, Шпанија и Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји.

За прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот конгрес во Истанбул во 1923 година. На конгресот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар и да го реформираат календарот по принципот на грегоријанскиот.

Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.

2 коментари:

Анонимен рече...

не си во право за неколку работи:
1. за Црквата воопшто не е сеедно кој календар се користи, затоа што е битно Велигден секогаш да биде после еврејската пасха. Ова не е запазено со грегоријансиот календар - затоа и помесните православни Цркви коишто го употребуваат грегоријанскиот календар Велигден го сметаат според јулијанскиот календар. Ова создава голема забуна затоа што се изместува текот на празнувањето и богослужењето - цели 2 недели фалат, односно се вишок при префрлањето од јулијанско во грегоријанско сметање и обратно.
2. грегоријанскиот календар е за некои работи тотално неупотреблив - затоа што неможеш точно да ја одредиш грешката којашто ја воведува, за разлика од јулијанскиот календар. затоа, на пример, сите астрономски пресметки се прават според јулијанското сметање на времето.

Анонимен рече...

This is very interesting site... moving companies palm desert ca roundup montana laser hair removal pricing Free simulation craps Orlando surveillance cameras Preventing allergic reactions in a daycare setting Aftermarket parts for cadillac Kia spectra parts discount travel