Низ историјата не секогаш 1-ви јануари се земал како почеток на Новата Година. Во средниот век има повеќе датуми (стилови) со кои почнувала годината. Шест од нив биле во најчеста употреба.
1.Stilus Circumcisionis – 1-ви јануари
Тоа е денешниот стил според кој годината започнува на 1-ви јануари. Зачетник на овој стил е римскиот опат Дионисие Мали кој во 525 г. во своето дело ,,Liber de paschale” (Книга за пасхите) се обидел да ја пресмета годината кога се родил Христос. Дионисие се смета за автор на христијанската ера која е денес во употреба. Како почеток на првата година од христијанската ера, Дионисие го земал 1-ви јануари 754 г. според Ab urbe Condita (Варонова ера). Иако, папската курија уште во 532 г. ја признала оваа ера, сепак, Ватикан долго време се противел 1-ви јануари да се слави како почеток на Новата Година. Сепак, со текот на времето, Римокатоличката црква го прифаќа 1-ви јануари како почеток на Новата Година со тоа што му дала религиозен белег – на тој ден почнала да го празнува обрезувањето Христово (Circumcisio Domini). Во 1691 г. Ватикан го воведува Stilus Circumcisionis за официјален почеток на Новата Година во целиот тогашен римокатолички свет.
2.Stilus Venecijanis или Mos Venetus – 1-ви март
Според овој стил Новата Година почнувала на 1-ви март. Тој се употребувал во Франција од VI до VIII век, во Русија до XIII век, а, пак, во Венеција до пропаста на Републиката во 1797 година.
3.Stilus Incarnionis – 25-ти март
Според овој стил за почеток на новата година се земал 25-ти март, ден кога Црквата го празнувала празникот Благовештение - Благовец. Овој стил бил во употреба во италијанските градови, во Шпанија, Полска, Ирска, Германија и Англија. Веќе во 1750 г. овој стил бил наполно напуштен.
4.Stilus Galicus - Велигден
Според овој стил како почеток на Новата Година се земал празникот Велигден. Истиот бил во употреба во Франција од XI век па се до 1563 година.
5.Византиски стил – 1-ви септември
Според овој стил Новата Година започнувала на 1-ви септември. Тој бил во употреба не само во Византија, туку и во сите земји под нејзини влијание. Неговата употреба најрано се датира од VII век во Византија каде што останала се до паѓањето на градот под османлиска власт во 1453 година. Во Русија, пак, византискиот стил останал да се употребува се до 1700 година.
6.Stilus Nativitatis – 25-ти декември
Според овој стил Новата година започнувала на Божик, т.е. на 25-ти декември. Овој стил бил раширен во средниот век.
Освен овие стилови, во антиката и средниот век постоеле и други датуми за почеток на новата година. Па така, Новата Година, според селеукидската ера почнувала на 1-ви октомври, според александриската и диоклецијановата ера на 29 –ти август, според олимписката ера на 1-ви јули, според Ab Urbe Condita (римска или Варонова ера) на 21-ви април, а, пак, според еврејската ера на 7-ми октомври.

Нема коментари:
Објави коментар