понеделник, ноември 26, 2007

Мечето Ушко легна да спие



Не ми беше важно кој се потпишуваше зад Мечето Ушко. А зошто би ми било? Типот убаво пишуваше и ги голтав неговите раскази. Литературен критичар не сум, ама во секој момент знам што ми се допаѓа, а што не. „The truth laid bear“ и подоцна „Литература на литро“ беше нешто што ми се допаѓаше. Признавам.

Приликава ја користам, мојот исказ да го дополнам со признанието дека честопати, Ушко успеваше да ме инкриминира со своите ставови за блог џунглата: против наметнувањето на лажен елитизам и ставање во рамки на она што рамки не трпи - БЛОГОТ.

Вечерва, додека го чекам снегот и шарам по блоговите, небаре ќе налетам на нешто интересно, ми се присака ново литро литература. А таму шок:




„Што ли сега го натерало Ушко на овој потег“ - си помислив. „Сепак, негов блог - негова територија - негово право. И изборот е негов. А тоа мора да се почитува.“

Ама нешто ме натера да му го отворам и стариот блог. Оној на блогерај. А таму што да видам:



***

Впрочем, како сите добри мечиња, така и Ушко, си легнал. Ама претходно чкртнал неколку реда упатени до некои волци и хиени - главни ѕверки - во блог џунглата.

„Тука сум да ги набркам сите лоши блогери и блогерајот
да стане фино место за пишување&дружење“


Додека насмеан си го местел креветчето за легнување и го навивал часовникот за будење - таму негде во јануари - чкртнал и хаику:


„Трендо купи си Нинтендо
да не те еби
Мендо.“



И сосема на крајот, додека и јас се подготвувам да потонам во сонот, се потпишувам зад зборовите на Ушко:

„Блогерајот постанува интересно место
кога Букарски ќе почне да пишува коментари на него!“




Ушко, убаво да ми спиеш и уште поубаво да сонуваш. Мојот аплауз и длабок поклон. Ги заслужи блог пријателе.



Нема коментари: