четврток, мај 03, 2007

Француското движење на отпорот (1940 - 1944)

Во мај 1940 година едно лудо типче со бркови и шизофрени тикови дава наредба: Кон Франција. Неговите генерали прават тактички добар маневар и ја заобиколуваат т.н. Мажино линија. „Блиц Крик“ по којзнае кој пат се покажува како одлична стратегија. На 22-ри јуни типчето со бркови, кое сака да уринира врз своите љубовници, пие кафе во Париз, а стариот глодар Петен прави пакт со ѓаволот. Сепак, Франција не се дава така лесно на нацистите. Де Гол повикува на отпор.

Се формираат првите партизански единици составени, најчесто, од припадници на француската левица и комунистите. Повеќето од нив се искусни борци кои огненото крштевање го имале неколку години претходно, како доброволци, во Шпанската граѓанска војна. Се минираат мостови, железнички пруги, се прават атентати за високи нацистички офицери. Франција, сепак, не се дава така лесно на нацистите. Партизаните ги добиваат симпатиите на народот.


Во продолжение следува „клипче“ кое го најдов на youtube посветено на француските партизани.



линкови:
Wikipedia: France Resistance
Wikipedia: Maginot Line
Wikipedia: Blitzkrieg
Wikipedia: Charles de Gaule
Wikipedia: Spanish Civil War

2 коментари:

Анонимен рече...

Мене ме интересира улогата на Петен во Франција во марионетската Влада од Виши.
Сум прочитал малку поалтернативен поглед, за неговите намери, нели Петен е одликуван генерал од Првата војна?
Баш би сакал, ако можеш да се осврнеш малку околу неговата личност и улога во Франција.

Фала.

Драган Зајковски рече...

токму така. Петен е одликуван француски генерал од Првата светска војна. Прилично контроверзна личност. По окупацијата на Франција ќе се согласи да застане на чело на марионетската влада во Виши.