петок, март 23, 2007

Македонските гробници

Постои ли уште некој детал во аргументацијата за посебното етничко потекло на античките Македонци? Мозаикот го надополнуваат т.н. Македонски гробници. кои во голема мера се разликуваат од хеленскиот тип на гробови, прво според архитектурата а потоа и според гробните прилози најдени во нив.

Необичната архитектура е она сто пред се ги разликува македонските гробници од хеленските. Важно е да се каже дека архитектонскиот стил на македонските гробници се менувал со текот на времето, а под влијание на разни културни, религиски и други фактори. Така, во првата своја фаза, македонските гробници биле во вид на правоаголни цисти. Се работи за гробници ѕидани во земја. Дури подоцна, во ИВ - ИИИ век пред Ис. Хр., античките Македонци ќе почнат да ги засводуваат своите гробници.

Почнувајќи отприлика од ИВ век пред Ис.Хр. основна карактеристика на македонските гробници станала нивната т.н. лажна фасада со насликани столбови во ѕидот. Овие лажни фасади имале украсна функција и служеле да го покријат сводот. Ова значи дека гробницата била под земја, а сводот направен од камен, кој бил покриен со земја на која е насликана лажната фасада, се наоѓал над земјата. Тумулусот (гробот) од надворешната страна бил засводен само од три страни, додека пак четвртата незасводена страна служела како пристап кон гробницата. Таму се наоѓала масивна врата преку која низ скали се влегувало надолу во гробницата. Врата била украсувана со разна орнаментика изработена во метал.

Во хеленските гробови има многу малку погребни прилози; најчесто керамика. За разлика од нив, во македонските гробници е посведочено присуството на голем број гробни прилози; керамика, злато, сребро, бронза, железо, слонова коска и сл.. Карактеристичен гробен прилог за македонските гробови е церемонијалното легло – клинê. Станува збор за еден вид на кревет, најчесто исклесан во камен. Освен клинејот, во македонските гробови најдени се садови за погребната гозба (пехари, ведра, длабоки чинии, бокали, црпалки), портрети од слонова коска, троножец и сл.

Карактеристика за гробните прилози во Македонија е и фактот дека, за разлика од гробните прилози во Хелада, во македонските гробници има мал број на кратери – чаши за мешање на виното со водата.


Карактеристично за македонскиот погребен ритуал е практиката гробните прилози да бидат предмети кои биле употребувани додека покојникот бил жив. За разлика од античките Македонци, нивните соседи Хелените, во гробниците ставале нови и неупотребувани предмети.

Гробници, кои во многу наликуваат на македонскиот тип, се посведочени во Карија и Киликија (Мала Азија). Сепак овие малоазиски гробници се разликуваат од македонскот тип на гробници по тоа што се вклесани во карпа чии фасади се насликани и украсени со штуко декорација – украсни елементи направени од гипс и залепени на фасадата.

.

Нема коментари: