среда, јануари 24, 2007

Скандалозно блага казна на штипскиот суд

Веста која ја прочитав пред месец - два силно ме вознемири. Две момчиња од Свети Николе силувале 19 годишна девојка додека една поголема група „навивала“ од страна. Силувачите беа фатени и сите очекувавме заслужена максимална казна затвор, не само за директните силувачи, туку и за „верната публика“ која е класичен соучесник во силувањето.

Но наместо тоа, Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава за противприроден блуд и силување само против двајцата директни силувачи. За другите соучесници во неделото ниту „опомена“.

Сепак, скандалозното однесување на институциите не престанува. Денес, медиумите ја објавија веста дека двајцата силувачи добиле само по 6 години затвор за стореното недело. Скандалозно блага казна изречена од страна на штипскиот суд. За вакво недело се добива минимум 10 и повеќе години затвор.

За шест години говнарите ќе излезат од затвор, а девојчето траумите ќе си ги влече цел живот. СРАМОТА за Основниот суд во Штип.

Ако се сеќавате судот пред неполна година го осуди на слична блага казна подведувачот во проституција и силувачот на малолетното девојче кое потоа изврши самоубиство. СРАМОТА.

9 коментари:

Photo Volan рече...

Знам за случај на вакво слично силување во Кавадарци - каде не само што е силувано некое девојче - туку гасен е и пикавец на нејциното тело ... незнам точно колку години доби силувачот ... но тука некаде како и во твојот пост ... по четири години мислам дечкото искочи и сега повторно шета по Кавадарци ...

Драган Зајковски рече...

СРАМОТА

Анонимен рече...

Парадоксална држава,парадоксално сутство.

Драган Зајковски рече...

Флебур,
се согласувам.

nikolani рече...

Divjacko opstestvo e ovaa nasevo.

Анонимен рече...

Јас чисто се сомневам дека „публиката“ тука била само за да „навива“. Мислам дека таа била на ред на чекање, но додека чекале попатно си „навивале“.

Инаку што се однесува до навивачите, слободно против нив може да се поткрене кривична постапка за помагање на казнено дело, затоа што „навивачите“ не превзеле ништо тоа да се спречи. Ова многу јасно е пропишано во Кривичниот законик на Република Македонија.

Urban Mystic рече...

Срамота! Срамота! Срамота! Крвта е на нивни раце! И на судијата и на публиката.

Анонимен рече...

NEMAVEZA

Анонимен рече...

AJ ZAPOZNAJTESEUBAVO SO SLUCHAJOT PA KEVIDETE DEKA NE ETAKA OVA VO GORE NAVEDENOTO E IZJAVA NA OSHTETENATA I NA NEJZINIOT RODITEL .. MAJKA .. A DODEKA OBVINETITE SI SEOBVINETI BEZ PRAVO NA PRIGOVOR I NIVNO IZJASNUVAHJE NA VISTINATA A TAA KURVA I PRED OVA GO IMA PRAVENO OVA SAMO NE I OPALILO KAJ DECKITE SO IMAAAT BAR 50 DEN VO DZEB A OVIIIE SIROMASKITE GI NASEDNA SEGA VERUVAM DEKA I NA NEA I E KRIVO OTI SO NIV PRET TOA ONA BESHE DENONOKNO A SEGA I GI NEMA DRUGARCHINJATA SO I DAVAAA TRAVA SVATETE JA VISTINATA SV.NIKOLE