понеделник, јануари 22, 2007

Мирче


„Пази. Немој да напраиме беља“.
„Нема. Имам кондом“.
„Срцуш....“

.......

„Немој да се секираш. Сум читала дека на секој може да му се случи“.
„Аха“.

***
Мирче го знам од трето одделение. Се доселија во 1984 година кога во Сарево се одржуваше 14-тата зимска Олимпијада. Татко му имаше висок чин во ЈНА, а Мирче, како и повеќето офицерски деца, беше исклучиво распизден. Заедно седевме; втора клупа до прозор. Прв у одделение облече Levis 501, прв у маало имаше видео и систем со CD. Беше главен фраер у школо. Кај него прв пат глеав порнич. Секоја втора среда бегавме од часови по физичко и се збиравме кај него да ја гледаме Сара Јанг со пријателките. Заедно почнавме да искачавме у град; Мирче, Џукац, Стојна, Федер и јас. Пред Бони и Ани.

Кога дојдовме средно некако се оддалечивме. Он у Орце, јас у Моша. Али редовно се слушавме. Тој ноември 1992 година, додека Младиќ го бомбардираше Сараево, а Данска стана европски првак у фудбал, Мирче ја „збари“ Горде од Капиштец. Две години постара од него; се збореше дека изгубила година у Корчагин. Типката беше авион, а Мирче уште повеќе се оддалечи од старото друштво. А и кој не би поред таква цура. Он со Горде у Корнер, Булевар, Хард Рок, а, пак, ние, тешка алтернатива – вино у школски и обавезно на свирка у МКЦ.

Едно време Мирче престана да се „јавува“. На пет – шест пати го барав дома ама никако не можев да го начекам. После го баталив и не му се јавував.

- „Проба пичкина вода и сите не забораи. Не познава ни другар, ни бутур“ – имаше обичај Федерот да коментира.
- У саботата ги глеам со онаа неговата. Едно здраво му е тешко да каже. Пичка говнарска“ – Џукацот се надоврзуваше.

Јас, пак, не му се лутев. Секој си го живее животот онака како што мисли дека му е арно. Таа есен, 1994 година, кога „Пред дождот“ го лапна „Златниот лав“ во Венеција разбрав дека Мирче раскинал со Горде. Очекував да се јави. И навистина се јави. Се пофали дека земал индекс од Технолошки, а воопшто не беше изненаден од мојот избор. „Очекував да забегаш кај тоа чудаците на Филозофски“ – рече.

Повторно почнавме да се дружиме. Не често, ама обавезно едно кафе у недела. И наместо јас, он забега во чудаци. Нешто го јадеше од внатре. Престана да искача у град, а кога ќе се видевме беше некако чуден, со отсутен поглед, со плашливи и неретко параноични реакции. Никогаш не се пожали дека има проблеми, иако тоа беше очигледно. Од момче со 86 килограми, се „сведе“ на 55. Никогаш не го прашував за Горде, а, ниту, он збореше за неа.

Тој викенд реши да дојде со нас на Матка. Додека Федерот и Баждур веќе се беа искачиле на Св.Недела, јас и Мирче се влечкавме - нога преку нога.

- Вчера, по цели четири години, ја видов Горде у трговски. Гушнала еден нашминкан гилиптер. Го знам педерчето. Има дуќан у Лептокарија“.
- „Јеби га“. – ми излета. Одсекогаш сукњичињата ти биле слаба тачка“ – му ласкав.
- „Ми биле курац“ – надојде „плимата“ во Мирче. Освен Горде не сум имал друга. А и со неа се изрезилив. Докторката ми вика дека на секој може да му се случи да нема ерекција. Демек од голема возбуда сум потклекнал. Ти ибам возбудата“.


***
Пред две години Мирче ја ќари Рушка. Повторно престана да се јавува. Не му се лутам. Дај Боже да остане со Рушка и не мора никогаш да ми се јави. Деновиве слушам ќе се земале. Била трудна. Искрено се израдував.

12 коментари:

Анонимен рече...

Само да те поздравам, ако некогаш издадеш збирка раскази сакам копија со посвета! :) Секогаш се воодушевувам кога ги читам твоите раскази...Keep up the good work!

Драган Зајковски рече...

Благодарам Чоте.

Биди ми поздравен, друже.

Photo Volan рече...

Навистина убав краток расказ ...

Анонимен рече...

ме бендиса вкрај. Има чудно-присна нарација и искреност. Браво пријателе.
пс: за Стојна ништо не кажа, или само статиста беше :)

spartak рече...

вино у школски и обавезно на свирка у МКЦ.
ха ха ха Ебати забавата, Американска.
На крај коа рече ослабел, ја реков сида фатил, коа тој “првозбуден“.
Ќе му мине.

Анонимен рече...

Прекрасен текст како и сите останати!

Анонимен рече...

убаво...
ex od lijepa nasha

Анонимен рече...

кибицер ,преброј се колку раскази имаш уште малце материјал за книга има!

Драган Зајковски рече...

моби,
се во свое време :)))

поздрав.

Развигор рече...

Се надевам дека имињата во овој убав и интересен текст се измислени или заменети.

Драган Зајковски рече...

Razvigor,
За што ме сметаш ти:))))

Се разбира дека имињата се заменети. А освен тоа, личностите кои се спомнуваат во сите мои раскази, најпрво се консултирани, а дури потоа, откако е добиена дозвола, објавен е расказот.

Сепак, јас претпочитам мирно да спијам :))))

поздрав.

Анонимен рече...

Interesno ova so Mirce...i jas poznavam eden ist slucaj, pa so ogled na toa deka sme generacija ce moram da prasam dali ovoj "Mirce" sto jas go znam se zeni:)) Sto zafrknata generacija ce bevme:)))