четврток, декември 28, 2006

Интервју со администраторот на Блогот за психолошки работи

Еден од блоговите кои оставија печат во годината која изминува е Блогот за психолошки работи на професорот по психологија Никола Николоски. Иако првенствено отворен за потребите на образовно - педагошката работа на неговиот администратор, Блогот за психолошки работи е одлично место за сите оние кои се интересираат за содржини од областата на психологијата, филозофијата и културата. Содржините на блогот се дополнително четиво по психологија за учениците, вистинска релаксација за „обичните смртници“, но и теми за уживање на „професионалните“ психолози и сите оние од даскалскиот занает.
„Јас отсекогаш сум ги почитувал луѓето кои се крајни конзументи на мојот труд“ - вели Никола во своето ексклузивно предновогодишно интервју за Блогот Историја нагласувајќи дека почитта кон читателите е причината за посетеноста на неговиот блог.


Друже, ти си првиот кој отвори блог за потребите на твојата професорска работа и веднаш беше обвинет дека го користиш за богатење на грбот на учениците. Затоа најпрво морам да те прашам колку заработи? има ли за едно станче у Градски ѕид?


Нема за станче Кибицер. Се надевам дека тие што мислат дека се купуваат станови преку блогови ќе ни покажат со личен пример.


Пред извесно време имаше еден инцидент со чуварите на редот и мирот.
Дури беше и приведен во полициска станица. Со тоа стана првиот блогер кој е апсен од полиција. Дали се чувствуваш како дисидент? Веројатно би требало да ти следи и боречка пензија.

Види, полицијата не знаеше дека си има работа со човек кој јавно пишува. Ако го знаеја тоа ќе се однесуваа поинаку – или ќе се легитимираше полицаецот (ќе постапеше законски) или во станица ќе ме истепаа.

Мислам дека во иднина ќе се чувствувам повеќе како дисидент бидејќи од година во година станувам вистинска жртва на мекедонскиот економски терор. Знаеш, влошувањето на животниот стандард за мене е инспирација – поттик за работа. Ниче не случајно рекол: „Тоа што не ме убива ме прави посилен.“ И согласно принципот „Кој високо лета, ниско паѓа“ дисидентската судбина може да ме снајде.

Што се однесува до боречките пензии, нив по правило ги добиваат оние кои најмалку се бореле.

Неколку дена по објавувањето на текстот за твоите проблеми со органите на власта, Вечер го хакна твојот текст без да те цитира. Веднаш реагираше блог заедницата, а Вечер се уште ти се немаат извинето. Па дај да ти средам кај Ивончето да те прими. Латас е неинтересен.

Ако средиш да ме прими Ивончето тогаш ќе ја прашам на кој начин Латас ги прима новинарките на работа и што треба да направат за да останат на работа. Кога моја новинарка би се дрзнала да украде текст, јас би ја отпуштил. Тешко е да работиш со луѓе што крадат. Ова особено важи ако си чесна особа.


Има еден куриозитет поврзан со твојот блог. Чаршија зборуе дека си особено популарен сред блогерките. Дали ова се должи на фактот што ти беше еден од првите кои на блог излезе со своја фотографија?

Јас од секогаш сум ги почитувал луѓето кои се крајни конзументи на мојот труд. Учениците, читателите на блогот, публиката за која некогаш свиреше мојата рок-група, се почитувани од моја страна. Почитта кон читателите мислам дека е причината за некој да ме чита и да продолжи да доаѓа на мојот блог.

8 коментари:

volan рече...

Во една прилика твојот пријател психологот - неодолеав да го прашам ...

“Може ли во МК еден психолог да живее од својата професија ... “

Со оглед на баснословните заработки на Психолозите во западните земји ....
Па допрашај го и за ова прашање ... мислам дека тогаш Психологот го избегна одговорот ...

А кај Рибаро на неговиот блог го видов Психологот опуштен на кауч како “разговара“ со атрактивн плавуша ... изгледа си во право за муабетот во чаршијата .... :)

Кибицер рече...

Па знам јас за плавушите :))) Чаршијата секогаш е добро информирана:)))))

nikolani рече...

За Волан: Во Македонија повеќето психолози не живееат туку живуркаат.Исклучок се една група на психолози - психолошкото бачило - кои се вклучени во финасиски скандали со УНИЦЕФ, или во слични дејанија.За тоа планирам да пишувам во иднина.

antika рече...

Koja krazba, koja blog zaednica! Opsednati ste deka nekoj ve cita ili pak vi gi krade "cenetite" tekstovi. Spustete se na zemja i vratete se vo realniot svet!
Blog zaednica....se trese u ladna voda.

dosta e! рече...

Luzeri, k'o papokot na svetot ste!

Кибицер рече...

Антика,
доволно е што ти ме читаш и се „ложиш“ овака предновогодишно :)))))

Antika рече...

Ako prodolzite so vakvi "karakondjulski" raboti ce se citame i za stara nova godina!

Кибицер рече...

Антика,
Респект :))))))

Поздрав.