среда, декември 27, 2006

Интервју со Милозвучна солза: Администратор на Археолошкиот дневник

Археолошкиот дневник е единствениот блог кој првенствено третира проблематика од областа на археологијата. И не само од археологијата, туку и од сите други сфери на културата. Тоа е блог каде речиси не можете да сретнете политика. Оттука неговите содржини беа вистинско освежување во годината која изминува – година полна со политика, интриги, избори, афери...
Неговиот администратор кој се потпишува како Солза, и тоа не обична туку Милозвучна, во ексклузивното предновогодишно интервју за Блогот Историја, говори за себе, својот блог и блог џунглата.
Јас и самата веќе со години пишувам написи поврзани со археологијата и уметноста по македонските списанија. Секогаш сум сметала дека тоа е начин да се изрази сопствената креативност, знаење и умешност – вели Милозвучната солза откривајќи дека најголем впечаток, во позитивна смисла на зборот и оставиле Волан, Развигор и Оксиморон, додека, пак, а.НТИ го класифицира во групата на оние негативните.

С
узо, пред неколку недели влезе во отворен воен конфликт соОнНет и нивниот Блогерај“. Со дечкото кој го водеше милиунашот имавте интересна преписка после која реши да се преселиш на друго место. Каде попукаа бушоните? Што беше причината за куршлусот?

Милозвучна: Причината за куршлусот беше тоа што моите постови, а и коментарите на нив, повеќе не се појавуваа на блог ролот на порталот од blog.com.mk. Зашто и како тие си знаат. Старите викаат суетата била гадна работа, а конкуренцијата уште полоша. Јас го уредувам својот блог (arheo.blog.com.mk) и имам автономно право над него. Но порталот на он нет (blog.com.mk) е нивна сопственот, така да тие одлучуваат што, како и кој модул ќе биде поставен таму. Тоа беше експлицитно кажано од страната на Трендо во мојата mail-преписка со него. Бидејќи немав намера да ја трошам енергијата на препукувања и да им правам бесплатна реклама џивкајќи по блогосверата, ги ставив постовите во торбичка, таа на рамо и се преселив на друг блог сервис.

Зошто токму Блогер мк? Што повеќе те шармираше: админот или блог платформата?

Милозвучна: Блог платформата на
bloger.com.mk почнав да ја тестирам уште од мај. Ставав паралелно постови и на blog.mk и на bloger.mk. Се покажа како сосема добра и стабилна (значи дефинитивно сум човек :)))))) Кога он нет ме избанираа, едноставно само продолжив да блогирам на arheo.bloger.com.mk (= arheo.macedonianblog.com). Можев и на блогспот, но таму веќе имам свој блог на кој пишувам на англиски (arheoblog.blogspot.com). Инаку Админот на Блогер го запознав на e-conference, а колку е шармантен и едноставен читателите можат и сами да прочитаат, бидејќи како што знам тој е еден од ретките Админи кои освен официјален, имаат и сопствен блог (baze.bloger.com.mk)

Археоблог е прв блог на кој се пишува исклучиво за археологија и ствари поврзани околу неа. Често пати се случуе некој од твоите текстови да биде џапнат од страна на некои новинари?

Милозвучна: Јас и самата веќе со години пишувам написи поврзани со археологијата и уметноста по македонските списанија. Секогаш сум сметала дека тоа е начин да се изрази сопствената креативнист, знаење и умешност. Но кога го отворив блогот, се соочив со лакрдија од неадекватно информатички обучени персони, кои не само што не си ја познаваат работата, туку не знаат ни асален copy/paste од текст да направат. Комплетно изкорозирани тимови од квази - новинарчињата - потрчковци - плагијатори соочени директно со својата неспособност. Нека не заборават дека повеќето од моите постови веќе се некаде публикувани и со самото тоа што ги преобјавуваат прават кривично дело. Тоа што јас ова не сум го нагласила ова порано, е ,,моја работа", а нивна работа е да читаат.

Иако анонимна, сепак, имам впечаток дека ти си една од блогерите кои сите ја знаат. Се имаш упознаено со речиси сите фаци од блог џунглата. Кој ти оставил најголем впечаток – добар или лош? И без дипломатки одговори.

Милозвучна: Се имам запознаено со доста луѓе (случајно или намерно), но моето препознавање чинам повеќе се должи на тоа што веројатно бев прва блогерка која излезе со слика, во интервју за весникот Форум. Долго време потоа ставав мои слики на блогот, додека целата работа не се извулгаризира, па престанав. Многу од блогерите ми оставиле добар впечаток (Volan, Razvigor, Оксиморон), не дека немало и лоши (а.НТИ), но оној кој најмногу ме импресионирал, се уште не сум го запознала. Тоа е дефинитивно Panta Rei(mislam.blogspot.com).

На крајот од разговорот Милозвучната солза заклучува: „И покрај тоа, сметам дека човек треба самиот да одлучи кои ќе му бидат вистински, а кои ќе останат само виртуелни пријатели“.

8 коментари:

Photo Volan рече...

Кибицер - со интервјуто да не вежбаш за новинарска фела да поминеш ...

Или викаш ај додека не е толку славна Солзата да и направам интервју ... после којзнае даи ке муабети со нас .... :)

Задоволство ми беше да ве читам минатата година и да комуницира со вас преку блогосферата - а и лично ...

Е за Википедија не си ја прашал ... или имаш втор дел ...

Не си ја прашал кога како археолог на локалитет доживеала најголемо возбудување ....

Драган Зајковски рече...

волан,
којзнае, можеби веќе за следното интервју ќе треба да закажеме кај нејзината секретарка или менаџер :))))))
поздрав.

Анонимен рече...

Па господо, слободно можете да закажите. Телефонскиот број и меилот ви се добро познати, но ќе ве молам за трпение зашто министерката е пребукирана.
Искрено PR, Ribaro :)

Анонимен рече...

Браво за идејата Кибицер, ќе се подигне културата и свеста за блогерајот, само треба време...

Еве доказни материјали, како тоа функционира и во условно кажано најконзервативните кругови...

http://www.taratur.com/node/1816

Поздрав и секое добро.

Драган Зајковски рече...

Ќе следува уште едно интервју со Никола (психолог).

Мило ми е што ви се допаѓа идејата. Во овој контекст благодарност до Сузата за согласноста да каже збор два за себе, блогот и блог џунглата.

Поздрав пријатели.

GoodBytes рече...

Милозвучна солза, ти благодарам за толку убавите комплименти за мене. Искрено се чудам од каде, но признавам дека пријатно ме изненади. :-)

Анонимен рече...

Выражаю искреннюю признательность авторам ресурса [b]istoricar.blogspot.com[/b] за то что Вы есть.

C уважением, [url=http://bisexy.ru]бисексуалка Станислава
[/url]

Анонимен рече...

Вам нравиться рыбалка? Тогда предлагаем Вам зайти на наш интернет ресурс www.wobler.com.ua. У нас Вы сможете всегда найти много актуальной информации о [url=http://www.wobler.com.ua] воблерах на судака[/url], купить воблер на щуку судака, окуня и
других хищников по приемлемым ценам, как оптом, так и в розницу.