петок, април 21, 2006

за текстот: Делата на светите апостоли



Од сите новозаветни текстови, единствено седум од нив, содржат извонредно значајни изворни податоци за христијанството во Македонија. Тука се вбројуваат: текстот на Лука насловен како „Делата на светите апостоли“ и 6 од 14 посланија на Павле – двете посланија упатени до Солунјаните, двете до Коринтјаните, како и по едно до Филипјаните и до Римјаните.

Книгата насловена како Делата на светите апостоли, напишана од апостолот Лука, според својата содржина и хронолошкиот след на настаните, се надоврзува на Евангелијата, опфаќајќи го периодот од 30-те до 60-те години на I век. Во неа, авторот, главен акцент става на мисионерската дејност на апостолите Петар и Павле, нивната улога во процесот на ширењето на христијанството и организирањето на првите ранохристијански црковни општини не само во Ерусалим и Палестина, туку и пошироко во Мала Азија, Македонија и Хелада.

Најстариот досега познат примерок на „Делата“ е посведочен фрагментарно на папирус кој во науката е означен како П45 датиран околу 250 г., а пак, најстарата целосно сочувана верзија се наоѓа во т.н. Codex Vaticanus (Codex B) датиран во 325/350 година.

Сепак, она што се знае со сигурност е дека „Делата“ за прв пат посредно се посведочени преку цитираните делови во изворите од крајот на II – III век. Но и покрај ова, во науката, постои неподелено мислење дека оригиналниот текст бил напишан многу порано, во средината на I век или поточно околу 60-61 година.

„Делата на светите апостоли“ е единствениот новозаветен текст сочуван во два текстуални облици (верзии), западна (латинска) и александриска (страрогрчка). Притоа, науката, речиси едногласно, смета дека александриската верзија на „Делата“ е хронолошки постара и оттука единствено оригинална. Ваквото тврдење е прифатено и од страна на Црквата.

Во науката општо е прифатено тврдењето на Црквата дека автор на „Делата“ е лично евангелистот и апостол Лука. Ваквата претпоставка се аргументира со неколку факти. Како основен се зема фактот дека одреден дел од текстот е пишуван во прво лице множина, што значи дека авторот е сведок на настаните за кои пишува, а се знае дека Лука за цело време го придружувал Павле. Оттука произлегува дека Лука, во најголемиот дел, лично бил сведок на настаните за кои пишува. Токму поради ова „Делата“ се сметаат за релативно сигурен историски извор.

*****

Апостолот Павле за време на своите мисионерски патувања на три пати ја посетил Македонија; еднаш за време на неговото второ мисионерско патување и потоа двапати за време на неговото трето патување. Впрочем, христијанската општина во македонскиот град Филипи, основана лично од апостолот Павле, важи за првата христијанска општина на европско тло.

На првата карта е обележано првото, а на втората карта второто и третото патување на Павле во Македонија. Овие мисионерски патувања на Павле се датираат во 50-те години на I век.

1 коментар:

Анонимен рече...

I hardly leave a responsе, however i ԁid some
searching and wound up hеrе "за текстот: Делата на светите апостоли".
And I actuаlly do have a few questіοns foг you if уou do not minԁ.

Is it simply me or does it looκ like a few οf thеse comments appear
likе thеy аre wгitten by braіn deаd
folkѕ? :-P And, if you аre posting on additionаl ѕociаl sites,
I wоuld liκe to κeep up with everything fresh you have to post.

Would уou list of the complete urls of youг public pаges
lіke yοur linkedin profile,
Facebooκ ρage or twitter feed?

Μy sitе; Payday Loans Online
Also see my web page: Payday Loan