понеделник, декември 12, 2005

istorija

Читам и не ми се веруе. Какви само идиотштини можат да се прочитаат во веснициве. Ај тие што ги пишуваат и така и вака. Ама што да се каже за уредниците кои тие бљувотини ги објавуваат. Во викенд бројот на Дневник во рубриката Форум наидов на навидум интересен текст за последните денови на руското царско семејство. Се работи за колумната на извесниот Димитар Гелев - којзнае што по професија, а поранешен политичар и лидер на една од малиот милион печурка партии - а од саботата и експерт по историја. Во споредба со него оној полковникот соработник на КОС, склеротичниот Белчев, фантомите Божиновски и Стојановски и лудата жаба - упс! пардон баба - Маркус се fucking аметери.
Сепак колку повеќе го читам толку повеќе го разбирам. Типот влегол во климакс па малку одлепил. Нека не се плаши не е ништо страшно. Нека иде на лекар, ќе му препишат терапија, нека почне да игра шах у Жена парк и обавезно да почне да го гледа Јанко секоја вечер. Нема многу да му помогне но барем ќе види дека не е единствен - има и други пациенти како него.
Проблем имам со уредниците кои се навлекле на неговата шизофренија. Под услов да завршиле новинарство, бидејќи таму морале да полагаат историја. Но ако се по професија дипломирани биолози, географи, геодети, инжињери или не дај Боже среднисти како оној Мац незавршениот теолог од кабинетот на Буле, а залутале во новинарство - е тогаш и нив ги разбирам. Не ги разбирам оние кои ги примиле да работат како новинари па одозгора ги ставиле и за уредници.
Очигледно е дека ова општество беледуе од непостоење на вредносни критериуми. Губењето на вредносниот критериум бил еден од предусловите за пропаѓањето на сите ,,големи" цивилизации. Зошто ние би биле исклучок.
Порано, во далечното минато на уште подалечната СФРЈ, сите можеа да бидат селектори на националната репрезентација у фудбал. Денес во современата FYROM сите се експерти по историја, а особено онаа антическата.
,,...Александар Велики на смртната постела му оставил аманет на својот син Димитриј да оди во Палестина и од таму да ја донесе пророчицата Хипија во Македонија, односно во Битола... ,,името Битола доаѓало од библиската старозаветна книга Битие... итн итн". Ова не заслужува, ниту, пак, може да биде предмет на полемика. Ова е за во К-15, за кај Дики, Кики и Цики во БТР, или за стручно медицинско секојдневно посматрање. Четврто нема.

Впрочем мислам дека Македонија треба да ги повлече своите војници од Ирак.

4 коментари:

Vlado Apostolov рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Анонимен рече...

Looking for information and found it at this great site... tazorac verses proactiv Peugeot formalion How many people use dietary supplements Allergy specialists in boston mass massachusetts

Анонимен рече...

Не е сарказам за секој, прочитај ја пак колумната.

Анонимен рече...

Peculiar article, totally what I wanted to find.

Here is my webpage; ultimate demon discount