Моментално убедливо најдобра емисија која иде во бедниот македонски етер е ,,Во Центар” на Васко Ефтов. Пример за професионален новинар и уште попрофесионално сработена емисија. Незнам колку авторот е свесен за тоа ама типот прави историја. Една од ретките емисии со историско значење. Интервјуата со сведоците кои воедно биле активни учесници во историските настани кои се обработуваат во емисијата се првокласен историски извор за сегашните и идни историчари кои се занимаваат со историските процеси на Балканот и пошироко, во периодот по Втората Светска војна.
Прво беше интервјуто со Владимир Велебит кој кажа работи кои дефинитивно ќе доведат до нови вреднувања и толкувања на историските процеси и настани од историјата на југословенското ослободително движење за време на Втората Светска Војна и настаните од историјата на југословенската федерација во првите повоени години, судирот на Тито и Сталин и улогата на СФРЈ во меѓународните односи до средината на 60-те години од минатиот век.
Од вчерашната, пак, емисија, Ефтов, започна со обработка на темата за осамостојувањето на Македонија и настаните поврзани со тој историски процес. Притоа намерата е преку интервјуа со личностите кои на било кој начин биле вклучени во тој процес да се дојде до објективната историска вистина. Од она што можев да го видам вчера, кажувањата на актерите учесници во процесот на осамостојувањето на Македонија се првокласен историски извор за настаните од најновата историја на Р.Македонија. Сега на ред се историчарите да ја проценат објективноста на овие изворни кажувања и со употреба на научни методи да ги расветлат сите аспекти од наведениот историски процес.
Се надевам дека серијалот емисии на Васко Ефтов во иднина ќе може да се набави во комерцијална продажба на DVD формат. Емисиите содржат историски изворни податоци и оттука никој сериозен историчар кој се занимава со оваа проблематика неможе да ги заобиколи. Штета би било доколу истите не се најдат на пазарот.
Впрочем мислам дека Македонија треба да ги повлече своите војници од Ирак
7 коментари:
Се согласувам. Типот е супер. Ова веќе е втора сезона од емисијата...имаше и пред некое време...
I JAS I JAS se soglasuvam
a da ne zaete koga e repriza
ovaa u vtornikot samo pocetokot go gledav?:(((
Вапе, за жал репризата е во среда во 1 по пладне. Неможеш да ја гледаш. ама во вторник иде нова емисија за обидот за државен удар над владата на Кљусев во 1991 година од страна на ЈНА.
AJ se nadevam deka ke ja gledam
Abe coek sto vaka ti tekna da pisuses po ova internetov:))
Муката Вапе, муката.
He keeps wanting tostand up to pee, and when he forgets it just rubs it in. Yes, but them being there is what turned him on.
google free taboo sex stories
first time anal sex stories
sexy sex stories
nifty sex incest stories
sexy hindi stories
He keeps wanting tostand up to pee, and when he forgets it just rubs it in. Yes, but them being there is what turned him on.
Објави коментар