петок, декември 16, 2005

Definicija za objektiven istoricar na eden tip od II vek

Нашата слика за минатото не секогаш се поклопува со објективните историски факти. Затоа мораме сериозно да размислиме пред да донесеме некој историски суд. Тука секогаш треба да го имаме во предвид ,,канонскиот принцип на историцизам при вреднувањето на настаните и детерминирањето на процесите. И не само историцизмот. При составувањето на мозаикот на историските настани историчарот мора да се надмине самиот себеси, да излезе од сопствената кожа и без разлика на општествените влијанија и страв од распетие и печат да ја понуди објективноста како единствена алтернатива.

дефиниција за ,,неангажиран" или објективен историчар

Историчарот треба да биде без човечки стравови, неподмитлив, слободоумен, пријател на отвореноста и вистината. Негово е само да ги соопштува фактите, кукавицата да ја нарекува кукавица без претходно однапред создадено мислење и суд за некој и нешто. Историчарот треба да биде судија, добронамерен кон сите, кој никому не му додава повеќе отколку што заслужува. Треба да живее според своите закони и да гради претстави за историјата ,,како човек отстрана, а не како припадник на некоја држава или поданик на овој или оној владетел.

Лукијан (120 – 180)

Впрочем мислам дека Македонија треба да ги повлече своите војници од Ирак

5 коментари:

Анонимен рече...

Какво повлекување. Треба што е можно повеќе контингенти да се праттат шиптари, па сечените меѓу себе да се протепаат.

Драган Зајковски рече...

Проблемот е во тоа што се праќаат Македонци. За кого се борат? За што гинат? Војната во Ирак е класична агресија против една суверена земја која во дадениот момент на странска агресија никого не загрозуваше и целосно соработуваше со ООН.
Каде се постројките за производство на хемиско оружје? Зошто на Курдите не им се даде самостојност? Каде отидоа артефактите од ирачките музеи?
Се срамам што мојата земја учествува во агресија на друга суверена земја. Ние не ја контролираме нашата територија па ќе го стабилизираме Ирак.
ПОВЛЕКУВАЊЕ ВЕДНАШ.

Анонимен рече...

da ama da ne bese Irak za SAD uste ke bevme FIROM

Анонимен рече...

Cool blog, interesting information... Keep it UP » »

Анонимен рече...

This is very interesting site... »