Еден од поголемите православни празници кој се слави за време на големиот предбожиќен пост е посветен на големиот христијански светец од IV век Свети Никола – епископ од Мир (Ликија, Мала Азија). Неговиот култ со текот на времето, ги поминал локалните граници на Мир и Византија; проширувајќи се во целата христијанска екумена. Празникот според календарот на православната Црква се слави на 19-ти декември според новиот, односно 6-ти декември според стариот календар и е еден од поголемите т.н. зимски православни празници.
Денес, речиси никој сериозен историчар не се сомнева во историчноста на Свети Никола. Па така според францускиот историчар Жак Грасер воопшто неможе да се доведе во сомневање историчноста на светецот. Единствено, полемика предизвикуваат само некои одделни моменти од неговиот живот како и поодделни аспекти од ширењето на неговиот култ во Византија, на Балканот и во Европа.
Според изворните податоци содржани во неговото житие, Свети Никола се родил во градот Патара во Ликија, негде кон крајот на III век како син единец на богатите и угледни, Теофан и Нона. Уште во младоста, благодарение на поучувањето од страна на неговиот чичко и истоименик Никола, епископ во Патара, Св. Никола имал прилика да се запознае со основите на христијанското учење. Тој под силно влијание на својот чичко се замонашува во манастирот „Новиот Сион“ и целосно се посветува на христијанското учење сообразувајќи го својот живот според евангелските принципи. Па така, согласно со евангелските норми и заветот за скромен и богоугоден живот, по смртта на своите родителите, Св. Никола им го раздал наследениот имот на сиромасите; ништо не задржувајќи за себе. Можеби токму овој момент подоцна ќе биде пресуден Св. Никола да биде запаметен во народната традиција како добротвор и заштитник на сиромавите, великодушен во својата милостина.
Оддаден на самотност и молитви, мислејќи дека така ќе проживее до смртта, како што соопштува неговото житие, Св. Никола доживува провидение од Бога кое му вели: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа, Никола е избран за епископ на градот Мир во Ликија. Во тоа својство, како епископ на Мир, Никола учествува на Првиот Вселенски Собор во Никеја во 325 година.
Свети Никола во црковната традиција е запамтен и како заштитник на правдата. Според житијните податоци тој на двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна.
Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на неговиот животот, луѓето почнале да го сметаат за светител и да го повикуваат на помош во маки и неволји. Како што пишува составувачот на неговото житие: ,,...од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја”.
Се упокојува на 6-ти декември 343 година, според едни, или во 352 година според други извори. Погребан е во црквата во Мир.
Споменот за Никола, епископот од Мир, продолжил да живее и по неговата смрт. Поради делата кои ги направил за време на својот живот, но и поради големата популарност и углед кој го имал сред обичните верници, набрзо Црквата го прогласува за светец а неговиот култ постепено ги поминува провинциските граници на византиска Ликија. Неговото име се спомнува и во литургијата посветена на големиот христијански теолог Св. Јован Хризостом (347 – 407), а пак, веќе во времето на Јустинијан I (527 – 565) во Цариград е изградена првата црква посветена токму на Св. Никола од Мир.
По прифаќањето на христијанството од страна на рускиот (киевскиот) кнез Владимир во 988 г., култот на Св. Никола за многу кратко време се раширил во Русија, на тој начин излегувајќи вон границите на Византија.
Во Италија, пак, по се изгледа почетоците на култот на Св. Никола се датираат од крајот на 80-те години на XI век. Имено, во 1087 година италијански трговци крадат дел од моштите на Св.Никола кои се наоѓале погребани во црквата во Мир и ги пренесуваат во Бари, Италија. Набрзо потоа рицарот Обер де Варанжевил, успева да пренесе дел од украдените мошти (поточно прстот на Свети Никола) од Бари во местото Пор сур Мозел, кое оттогаш го носи името Сан (Свети) Никола де Пор.
Во XII век култот за Свети Никола ги поминува границите на Апенинскиот Полуостров раширувајќи се сред градовите по долината на Мозел и Рајна, а во XIII век и во цела Германија. Веќе во XVII век, холанѓаните преку нивната колонија Нов Амстердам (од 1664 г. Њујорк) го пренесуваат празнувањето на Свети Никола на новиот континет, Америка. Имено, заштитиникот на холандскиот Амстердам е токму Свети Никола или Синтерклаас, Синтерклаес, Сундреклаас или Синт Никлаас на холандски (фламански), кој набрзо станува Санта Клаус наместо Свети Никола.
На тој начин култот на Свети Никола станува универзален за сите христијани без разлика на црковната провиниенција. Тој е заштитиник на православните во Грција и Русија, но и на областа Лорен. Се слави во Луксембург, Швајцарија, Австрија, а да не говориме за Македонија каде Свети Никола е една од најпразнуваните домашни слави. Оттука, во ова време на поделби на православни и римокатолици, на признаени и шизматици, Свети Никола е тој кој сите не обединува. Тој е сведок на неподелената христијанска црква и вистински мост меѓу Истокот и Западот. Денес не постои ниту еден друг светец, способен толку многу силно да ги поврзе христијаните од православната и римокатоличката црква.
Но ѓаволот ни ора ни копа. Глобализацијата меле. Во 1885 година, илустраторот Томас Наст, ,,го облекува” Свети Никола (или на фламански - Санта Клаус) во црвено. Притоа го избира Северниот пол за негова резиденција. Сепак се чини дека ,,непоправливата штета” ја прави компанијата Кока - Кола која во 1931 година го узурпира култот на Санта Клаус за потребите на својата маркентишка пропаганда. Кока- Кола го претвара Санта Клаус во старец - сепак рака на срце весел и полн со живост - кој ужива во локањето Кока - Кола.
На нашиве балкански простори, вклучително и во Македонија, Кока – Кола јунакот Санта Клаус е познат како Дедо Мраз. Името Дедо Мраз е од комунистичка провиниенција; дадено од советските власти во 30-те и 40-те години кои на тој начин сакаат култот на Свети Никола (Санта Клаус) да го ,,ослободат” од религиозниот бекграунд. На тој начин Свети Никола или западниот Санта Клаус - човекот кој секој Божик им носи подароци на децата – за целиот советски блок е преименуван во Дедо Мраз. Тој сега наместо на Божик - на чиешто празнување не се гледало баш благонаклоно во реал – социјалистичките општества - своите подароци ги носел за Нова Година.
6 коментари:
Looking for information and found it at this great site... Hewlett-packard photosmart all-in-one printer baby pants scent Roland digital printers Coenzyme b vitamins Hp laserjet 4200 business printer Asia travel phone card Bill gates scholarships for minorities Florida centre for facial surgery A8 audi 2004
It's awesome designed for me to have a website, which is helpful designed for my know-how. thanks admin
my web page; cold sores
Wow, wonderful weblog structure! How long have you ever been running a blog for?
you make blogging look easy. The whole look of your website
is wonderful, let alone the content material!
Here is my weblog; how to cure a cold sore
If you are going for best contents like myself, just pay a quick visit this web site
all the time as it provides feature contents, thanks
My web blog: how to cure a cold sore
I know this web page presents quality based articles and additional material, is there any other site which gives these kinds of stuff in quality?
Also visit my weblog; tricks to getting your ex back
I read this article completely on the topic of the comparison of latest and preceding technologies, it's remarkable article.
my blog: get ex back
Објави коментар