вторник, мај 08, 2007

Скопското кале, Евлија Челебија и трите фрагментарни остатоци од фрескоживопис

„Тоа е утврден град, цврста и јака тврдина, со двојни бедеми. Градската порта и бедемите се изградени од делкан камен којсвети како да е полиран. Толкава префинетост и уметност наобработка не може да се види ниту во еден друг град. Градот леживо средината на Скопје.Тоа е висок град и претставува градба сопетоаголен облик. Бедемот со кој од сите страни е опколенградот, висок е педесет аршини. Градот е опкружен со седумдесетбастиони и три демир (железни) порти на југоисточната страна, аво предворјето на секоја порта се наоѓаат многу стражари. Вратата и ѕидовите се накитени со разно оружје и алат потребенза оружјето. Не постои положба што би доминирала над градот, атој самиот лежи на високи карпи и од него се гледа целото поле. Од западната страна тече реката Вардар. На таа страна има патшто води низ пештерата „Водна кула„ што се наоѓа на брегот нареката. На таа страна се наоѓа бездна, таму нема излез. Настраната пред портата се наоѓа дрвен мост префрлен прекушанецот.“
Со овие зборови, познатиот патеписец од 17 век Евлија Челебија го опишува градот Скопје или поточно утврдениот град – Калето. Сепак, врз основа на археолошките податоци, почетоците на урбаното живеење на просторот на денешното скопско Кале можат да се следат уште од енеолитот (2.600 – 2500 г.пр.Ис.Хр.). Според мислењето на археолозите првите бедеми на просторот на Калето биле изградени во времето на императорот Јустинијан I (527 – 565). При градењето на
тврдината користени се камени блокови од урнатините на градот Скупи кој се наоѓал во близината на Калето, а бил разурнат од катастрофалниот земјотрес во 518 година. Од тогаш всушност започнува средновековно Скопје кое често пати се спомнува во средновековните извори.


Поради својата извонредно добра местоположба, место каде се вкрстувале средновековните патни трансверзали север – југ и исток – запад, Скопје ќе стане важен политички и економски центар на овој дел од Балканот. Неговото значење дополнително ќе добие на тежина за време на владеењето на кралот Милутин (1282 - 1321) кога градот почнува да се издигнува во значаен не само политички и економски, туку и културен центар. Во негово време, во Скопје, се градат и обновуваат поголем број црковни храмови и манастири. Меѓу нив со својата монументалност предничеле Св.Богородица Троручица, Св.Прокопиј, Св.Јован Крстител и други.

линкови:
Волан: Скопското кале и евентуалните цркви во горен и долен град
Волан: Скопско кале - конзервација и археолошки истражувања
Волан: Скопското Кале
Археолошки дневник: Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк национализам)

Во овој контекст треба да се разгледуваат и трите пронајдени фрагменти од фрескоживопис во една од сондите на Калето. Во нејзина непосредна близина се наоѓа и претпоставената локација на османлиската џамија. Ако се знае дека по доаѓањето на Османлиите на овие простори, голем дел од црквите се претворени во џамии, тогаш сето горе наведено упатува на постоење на средновековен христијански храм кој се наоѓал во непосредна близина на откриените наоди. За жал поради недостаток на археолошки материјал се уште овие претпоставки се во фаза на шпекулации. Да се надеваме дека после овие наоди, како посебен приоритет ќе се постави пронаоѓањето на темелите на претпоставениот средновековен црковен храм.

линкови:

Волан: Скопје - Skopje... Старо Скопје

Блог Историја: Трите средновековни цркви на скопското Кале

Блог Историја: На скопското Кале пронајдени три фрагменти од фрески


Нема коментари: