
На овој собир во организација на повеќе културно - научни друштва од Македонија (ИНИ - Скопје, Друштво за организирање на Мариовско - Мегленски средби - Прилеп и др.) учество земаа 50-тина научници кои во своите реферати обработуваат проблематика поврзана со историјата на Мариово, односно Меглен.

Како поинтересни реферати би ги издвоил „Мариово во антиката“ (Наде Проева), „Мегленско во античко време “(Христо Андоновски), „Мариово и Меглен во средновековните извори“ (Коста Аџиевски), „Мариово и Меглен во документи од крајот на XVII до првите децении на XIX век“ (Милка Здравева), „Македонските светци од Мегленско“ (Михајло Георгиевски) и др.
Рефератите приложени на овој научен собир се објавени во Зборникот: Мариово и Меглен низ историјата, издаден 2000 година во Прилеп - Скопје.
На крајот голема благодарност до едни вљубеници во музата Клио, од кои го добив на подарок овој Зборник, за кој, искрено кажано, не знаев дека е излезен од печат.
Нема коментари:
Објави коментар