Македонската година имала 12 месеци и почнувала во 10 месец, т.е. 1.10 се земал како почеток на новата година кај античките Македонци. Месеците во македонскиот календар биле лунарни и имале 29 дена. Годината имала 354 дена и за 10 дена е покуса од соларната година. Па оттука на крајот од годината се додавале 11 дена со цел истата да се израмни со соларната. Некои научници сметаат дека од време на време се додавал и 13 месец токму заради изедначување на лунарната со соларната година. Оттука годината кај античките Македонци е луно — соларна. Имено, во однос на месеците и бројот на деновите во нив била лунарна, а пак во однос на додавањето на деновите на крајот од годината таа била соларна.
Времето се мерело со сончеви часовници какви се најдени во Хераклеја Линкестис. Овие часовници се направени од камен со исклесани цртички при што во средината бил забоден стап.
Се до римско време античките Македонци немале посебна ера. Тие годините ги броеле според владеењето на кралевите.
4 коментари:
Интересно.А да не знаеш каков е оној саатот сончев на золошка што е закачен спреда?
Мислев,чив?
За жал не сум имал прилика да го видам саатот пред зоолошка.
но таков сончев сачовник, со кој е мерено времето има на плочникот пред античкиот театар во Охрид. На ќошот за античкиот театар и Плаошник, на 10-тина метри од Голема порта.
За жал го немам фотографирано да то постирам :)))))
Ama interesno....ja ko malo dete im se raduvam na prikaskive tvoi istoriski:)
Објави коментар