Сепак, најстарите, сигурни, досега познати, пишани податоци за Македонија се наоѓаат во хомеровата Илијада, дело кое се однесува на настани датирани негде во XII – XI век пред Ис.Хр. Во Илијадата меѓу сојузниците на Троја се спомнати Пајонците кои според најновите научни сознанија е потврдено дека најверојатно биле со македонско етничко потекло; потоа пајонскиот град Амидон кој се наоѓал на устието на р.Аксиос (денешен Вардар), како и македонските области Пиерија и Ематија. Во Илијадата е забележано и името на родоначалникот на македонското племе Пелагонци, митскиот Пелагон.
Досега најстарото запишано име кое се однесува на Македонија, а е користено од страна на грчките морепловци, е Ематија. Поконкретни податоци за името Ематија има кај Страбон (64/63 пр. Ис.Хр. – 23 г.н.е.), Плиниј Постариот (23 – 79 г.н.е.) и Стефан од Бизант (VI в.н.е.) кои запишале дека тоа е првобитното име на Македонија. Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајга.
Лингвистите, името Ематија го изведуваат од грчкиот збор amathos што значи песочен, песочно. Ова препоставка дополнително добива на тежина ако се има предвид кажувањето на античкиот географ Птолемај кој соопштува дека со ова име се означувал источниот крајбрежен дел од античка Македонија кој бил песоклив.
Почнувајќи од VIII – VII век пред Ис.Хр. името Ематија е потиснато од името Македонија. Ова најверојатно се должи на фактот што првата македонска кралска династија Аргеади потекнувала од областа Орестида (Костурско) чие постаро име било Макета. Со текот на времето името Македонија добива не само географско туку и политичко значење. Тоа не е само географски поим туку и име на македонската држава и етносот кој ја населува Македонија, а кој по потекло е сосема различен од било кој друг етнос на Балканот во тој период. Веќе во времето на Филип II (359 – 336) сите племиња кои го сочинувале македонскиот етнос ќе бидат обединети во една централизирана македонска држава под власта на династијата на Аргеадите.
Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија. Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Ѕевс и Тија.
Во врска со оваа генеалогија сочувани се три критички забелешки (коментари или схолии) кои се однесуваат на дополнување на истата. Според првата забелешка (схола) Македон е син на Дион и Аитхија, според втората на Диос и Аитхија, а, пак, според третата тој бил син на тој бил син на Диос и Аитхрија. Очигледно е дека зад Дион/Диос се крие врховното божество кај античките Македонци, а Аитхија е всушност македонската Атена посведочена на монетите со штит во левата и молња во десната рака.
Втората генеалогија за името Македонија е забележана кај Аполодор Атински (II век пред Ис. Хр.) според кого Македон е син на Ликаон кој имал дури 50 синови. Третата генеалогија за името Македонија е забележана од Диодор Сицилиски (I век пред Ис.Хр.). Според оваа генеалогија, Македон бил син на египетскиот бог Озирис.
Освен овие три, во различни периоди од антиката, постоеле и други помалку популарни генеалогии преку кои се објаснувало потеклото на името Македонија. Па така според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.
Што се однесува до модерната наука, постојат неколку тези за етимологијата на името Македонија. Според првата, името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.
Своја теза за името Македонија и етниконот Македонци дава М.Будимир кој смета дека се работи за грчки превод на нивното изворно име Кауконци.
Наспроти овие толкувања, најновите истражувања со голема веројатност упатуваат на тезата дека името Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Имено, Бригите биле најстариот етнички супстракт кој учествувал во етногенезата на античкиот македонски народ и оттука мошне е веројатно дека и името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја i името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја.
18 коментари:
Gledam deka se smetash "profesionalec",a trubish za amaterite koj ti se meshaat vo biznisot.Pokraj site etimologii i tolkuvanja,koga toa bilo koja istorija pa i onaa profesionalnata
ke izustat i neshto kako zakluchok
deka i neznaat bash tolku,ako ne drugo toa zaradi xyz prichini koj gi poprechile vo toa.
добро. а според тебе каква врска има античка македонија со денешната, односно ние, денешните македонци, со античките македонци?
Анонимен, кога ќе се разболеш, дали одиш на лекар или на бајачка. Ете таа во основа е разликата меѓу академски историчар и архитект во „големо познавање“ на историја.
види вака Никола, каква врска има денешна Франција со Галите, каква врска има денешна Италија со Римјаните, каква врска има денешна Бугарија со Тракијците, каква врска има денешна Романија со Дакијците, каква врска има денешен Ирак со Сумерците, Вавилонците, Асирците. Каква врска има денешна Турција со Хетите. Каква врска има денешна Сирија со Феникијците.
добра слика си одбрал за себе - растурен мозаик, нит можеш да препознаеш лик нит бутур. изгледа тоа ти е стил - конфузија. и името се срамиш да си го напишеш. ако си историчар и ги познаваш работите кажи конкретно, не туку дриблај.
не ми е целта само да те навредувам; но, во денешно време има луѓе коишто тврдат дека сме потомци на античките македонци. јас кога учев историја во школо не се учеше така, учевме дека сме словени.
Никола,
Етногезата на еден народ е долготраен и сложен процес. Во него учествуваат многу компоненти и истиот зависи од многу услови, општествено - политички, социјални, културни и сл.
Правилно те учеле во школо. Не, ние не сме директни потомци на античките Македонци. Меѓутоа, денес не постои народ кој е директен потомок на античките народи. Дури ниту Евреите кои важат за најзатворена етничка заедница не можат да се пофалат дека се директни потомци на античките Хебреи.
Идејата за чисти народи ја лансирале нацистите на Хитлер, и истата умре со падот на нацизмот во 1945 година.
Освен тоа, никој нема право да го негира учеството на доминатната словенска компонента во етногенезата на современиот македонски народ, како што не може да се оспори и уделот на античките Македонци во тој процес. Античките Македонци не исчезнале, само со текот на времето биле асимилирани од доминантното словенско население.
Учеството на различните компоненти во етногенезата на било кој народ(не само на македонскиот) не може математички да се определи. Историските и социолошки процеси не можат да се измерат математички. Единствено може да се определи која етничка компонента била подоминантна т.е. оставила поголем белег во процесот на етногенеза. Денешниот македонски јазик е сосема словенски, културната оставштина од средновековието е претежно словенска, сите средновековни учени кои потекнувале од Македонија пишувале и говореле на старословенски јазик. Тоа е неоспорен аргумент за доминантноста на словенската етничка компонента во етногенезата на македонскиот народ.
Сите оние кои тврдат дека Словените не дошле во Македонија т.е. дека сме директни потомци на античките Македонци изнесуваат крајно ненаучен и погрешен став. Нивните аргументи се ненаучни и не се базираат на историските извори.
Негирајќи ја словенската компонента во нашата етногенеза всушност ги негираме делото и културното наследство на Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, Климент и Наум, и многуте други црковни дејци од македонските простори кои твореле во средновековието.
Друго е прашањето дали во средниот век, или поточно во времето на Кирил и Методиј, Климент, Наум и цар Самоил, можеме да говориме за македонски, бугарски, српски, хрватски, руски, грчки, германски, француски народ во денешна смисла на зборот.
Конкретно на Балканот во раното, средновековие, па и подоцна, народот најпрво се идентификува според црквата, а потоа според државата во која живее, а дури потоа според јазикот. Според црквата на Балканот, вклучително и во Македонија живее исклучиво православно население, според државата во кое тоа население живее во различни периоди во изворите се спонува како Ромејско, Бугарско, Српско (што не значи и дека биле Грци, Срби, Бугари во денешна смисла на зборот), а според јазикот тоа население е доминатно словенско.
Поимот и перцепцијата за етничка пропадност во средниот век е сосема различна од онаа која се јавува во времето на просветителството по Француската револуција во 1789 г. и која преовладува до денес.
Инаку, ако толку те интересира моето име, а убеден сум дека ништо нема да ти значи, да ти оставам mail па лично да контактираме. Ама навистина не гледам потреба од тоа.
За крај,
Никола, искрен поздрав, и во ниту еден момент не помислив дека целта ти е да ме навредиш. Само дискутираме. Добро е да постојат различни мислења. Но само аргументирано.
А и забелешката со мојата фотографија ти е луцкаста. Искрено ми се допадна.
Единствено се „спајам“ на луѓе кои импровизираат и иако свесни за тоа сепак трескаат невистини или полувистини. Се „спојувам“ на луѓе на кои сите други (Бугари, Срби, Грци, Америка, Ватикан) им се криви за се и за кои се е заговор против Македонија и Македонците. Мислам на оној македонче - македонскаисторија.блог.мк и на бандата на Васил Иљов.
Никола,
Инаку делумно за конфузноста и грешките при пишувањето е крив Телеком. Поради проклето скапите интернет импулси пишувам набрзина и ми се промакнува по некоја грешка во пишувањето или граматиката.
Сега гледам дека постот за Г.Делчев е пун со печатни грешки. Ќе го поправам.
кибицер,
благодарам на опширниот одговор. ако си на dial-up ти должам неколку пива...
во врска со темата: јас незнам во која смисла на зборот во времето, на пример, на царот самуил се користел зборот болгарин, ама во секој случај тоа е она со што самуил се идентификувал. такашто - да бидеме конкретни, неможе сега да зборуваме за македонски народ (во која смисла сакаш) и да присвојуваме туѓа историја - во случајот болгарска.
поздрав
Braka makedonci kako prvo da vi se izvinam za Fontot sto ne e na kirilica zosto cimerot mi e Turcin.
Zosto megu sebe da se raspravate koga treba nie samite da bideme po aktivni i za sekogas da go resime prasanjeto koi sme t.e da dokazeme deka sme Makedonci!
Mala kritika bez navreda do Nikola bidejki se gleda deka ucel poveke od komunisticka istorija,pisuvana vo Belgrad.
Fakt e deka imalo ogromno vlijanie od slovenite vo Makedonija no da iscezneme kako nacija e nelogicno!
Obicen primer demek nie sme sloveni a Grcite se si Grci.Kako e mozno toa,koga i najgolemite slovenski pleminja ziveele vo grcko mesto,duri i do Krit.
Ili oni ne prifatile nisto?
Ne moze taka lesno da iscezne nekoja nacija,ako taka moze da iscezne eden narod so mesanje od slovenite togas ni Bugarite ni Grcite ne treba da bidat toa sto se denes.A sto se odnesuva do jazikot na Kiril i Metodij i toj bil sozdaden vrz osnova na Anticno pismo, pismoto koe e napisano na Kamenot od Rozeta i koe datira od 2 vek pred Isus.Go imase i na televizija Vo centar,a i bukvite abc najstaro e pronajdeno vo Fenikija.Grckoto pismo poteknuva od Fenikijskoto znaci spored tebe grcite ne zborat grcki zborat fenikiski.NE TREBA samo da se baziras na takvi podatoci so Slovenizmot bidejki i ne se verodosdojni vo celost.Pozdrav od mene i od eden drugar Saso od Skopje do vas i do site Makedonci,pa da se nadevame na posvetla idnina,na primer deka i vo Pirin naskoro ke si gi imame site prava kako poseben etnos i so gordost da si se custvuvame Makedonci.Vi pisuvame od Sofia,studirame ovde i so gordost se kazuvame Makedonci! Pozdrav i poveke optimizam za Makedonija.
nikola segleda deka si mlad , zelen a moze i glupav {!}.Begas od svoeto slovenstvo a kaj si trgnal.Kaj Grcite!?Ako nesto tie najmnogu mrazat toa e slovenskiot okean od N.Gorica do Vladivostok.Samo dva slovenski zbora se dovolni za da te mrazat.Jas se gordeam sto sum Sloven i sto ne gi mrazam.Mozebi toa e zaradi mojata slovenska dusa , zaradi goleminata na mojata narodna grupa , zaradi varijantata na mojot jazik sto vo 19 vek bese sluzben i na Aljaska , a moze i zaradi mojot karakter.Sega se brzam , ke ti pisam pak....
postoi podatok deka po ,,makedonskite vojni,, vo 3vek koga Makedonija definitivno stanuva del od Rimskata imperija na ovaa teritorija Rimjanite zateknale 25.000 ziteli aftohtono naselenie.Vo isto vreme samo Rim kako grad broel preku 1.000.000 ziteli.Tolku za kontinuitetot na antickite so denesnite Makedonci.Car Samoil-eden od sinovite na Nikola Mokri bugarski velikas.Vo toa vreme na ovie prostori postoela raspadnata bugarska drzava no so veke,i toa kako respektibilna ,drzavotvorna tradicija i pametenje.I normalno bilo Samoil svoeto carstvo da go identifikuva kako kontinuitet na Bugarija.Nesto slicno kako koga denes maliot ...... si napravi svoe carstvo od Gevgelija do Sezana i si go narece Jugoslavija!Normalno.I Anglija cii kralevi ,patem, se Saxkoburg a od 1917 godina Vindzor, nekogas bila gordost na Germancite a deneska e sila br. 1 vo svetot a so Germanija cel 20 vek se gledaa preku nisan.Slobodno gordej se so Samoil.Nas covek e!Ima vreme, i nam mezebi ni e pisano kako na Anglicanite pa Bugarite ke zboruvaat makedonski kako Germancite sto go zboruvaat angliskiot a ovie samo se sprdaat so nivniot-germanskiot.Gord na svoeto slovenstvo Aleksandar ,,Veliki,, i se negovo odma bi im go pripisal na Grcite kako eden nevospitan idiot , homoseksualec i kopile.Ja osvoil Persija i stignal do Indija!I rimjanite osvojuvale no vladeele 2000godini.Sekoj pameten covek znae deka ne se osvojuva nesto ako ne mozes da go zadrzis,posebno ako toa cini pari , vreme ,solzi,krv.Ako bese tolku ,,Veliki,,zosto ne se svrte na zapad da osvaja kako Hanibal.Ke pominese isto protiv edna besprekorno organizirana drzava kako sto bil Rim.Sekoj ligus mozese da se proseta kako osvojuvac i da gi rasturi SFRJ i SSSR na pocetokot na devedesetite od minatiot vek.Tie sami se rasturija.I Persija bila slicna na pocetokot na 3-ti vek p.n.e.Na Grcite bi im se zablagodaril i na azbukata-glagolica-kirilica i na verata.Bi im gi vratil i ic oko nema da mi trepne.Glagolicata i hristijanstvoto bea dve prangi so koi definitivno Slovenite bea skroteni na najperfiden-grcki nacin.Na krajot mnogu ke gi izraduvam Grcite koga bi se otkazal od imeto Makedonija.Rado bi ja narekol mojata drzava Slavinija, Sklavinija , Juzna Slovenija i t.n.no toa nema da go storam samo zaradi respektot sprema moite sogragani,posebno Albancite.Tek togas Grcite ke se uprpaat koga bi im se zablagodarile na :kirilicata, hristijanstvoto i imeto Makedonija a so toa pak se pretvorime vo Sloveni od pred Kirila i Metodi(patem imeto mi e Kiril).Na ovoj narod mnogu polesno ke mu bese bez tie tri grcki darovi...
Џиги (Anonimus - Кире), глеам дека си заразен со некаква "тајна - сокриена" пропаганда која кружи од неодамна (читај масонштина) против христијанството, па и од фактот што сме го примиле и ЗАЧУВАЛЕ кога било потребно (не сме се покатоличиле или поторбешиле). Јас би ти казал бар малку да почепкаш и да видиш дека сепак сите народи убоо си живееле на овој наш Балкан и наместо да си го бараме РАЈОТ ние се ставаме во пекол (секогаш самите). Паганштината не ни треба, бар на нас тука вековни ПРАВОСЛАВЦИ, а ако тоа ти е твој избор Кире, тогаш бркај си работа. Јас сум за една Панславјанска Православна Византија и Грците воопшто не ми сметат, и тие се луге. Генерализацијата е лоша работа. За све чоек може да збори и спори, затоа и сме луге нели? А ако судиме така како тебе, тогаш и не ни треба да излегуваме од затворот МАКЕДОНИЈА, бидејки сме скарани со цел свет и сите ни се криви, нели? Фала им на Грците и на Бога, исто и на св. Димитрија заради кого и станавме христијани во она доба кога напаѓавме на Солун и не го заземавме поради неговите чуда (читајте ја "Чудата на св. Димитрија 1 и 2" добра историја). Поздрав: ТЕТОЕЦ
Za Nikola:
Brakata Samoil David Mojsej i Aron prvoto vostanie za osloboduvanje go kervaat protiv Bugarija vo 969g koja vo toj moment upravuva so Makedonija so kontrola od vizantija.Sto ke rece bugari krenale vostanie protiv bugari.
Tocno deka e proglasen za bugarski kral.No toa e samo poradi toa sto ne postoel drug nacin samoil da bide kral,bidejki prvin Vizantija so svoie vlijanie bila protiv formiranje nova drzava a i crkvata vo Konstantinopol shtitejci ja dominacujata na Vizantija na Balkanotne bila protiv formiranje na novo ili ushte polosho za niv vrachanje na Makedonskata imperija.
Zato sSamoil e krunisan od papata od rim no pod uslov da ja zeme Bugarskata kruna bidejki toj togas vladeel i so bugarija a vo toj moment taa kruna bila stavena vo miruvanje bidejki samoil ja porazil Bugarija.
Taka da toj e proglasen za bugarski samo za toa sto imal ogromna zelba da ima titula kral.
Inaku site bugarski kralevi se proglasuvani od strana na konstantinopol bidejki taa crkva i narod bile priznati vo konstantinopol kako vazali na Vizantija so odredena samouprava.
E sega bidejki znaele deka Samoil ne e bugar zatoa ne mu ja dodelile bugarskata kruna iako taa bila vo miruvanje.
Krunisuvanjeto go pravi papata od Rim no za da ne se mesha na balkanot koj bil pod jurisdikcija na Konstantinopol go nagovara Samoil da ja zeme bugarskata kruna.
Sto e dovolen dokaz koj bil sto bil i zosto bil.
[url=http://www.pi7.ru/seks-sekrety/1648-horoshiy-seks-pomogaet-zhenschinam-vyglyadet-molozhe.html ]жуткий интимный комплекс ..... и ещё коешто.. [/url]
Понимаю, что тема вызавет более смешных коментов, нежели дельных...Но всё же, что сделать что бы они не сползали?
Очки не первые, но именно эти сползают. Очень привлекательные, не хочется сдавать обратно...
п.с. душки завинчены нормально
fan fiction ebook http://audiobookscollection.co.uk/The-Quest-for-Global-Dominance-Transforming-Global-Presence-into-Global-Competitive-Advantage/p170348/ free traffic engineering ebook download [url=http://audiobookscollection.co.uk/es/Working-With-You-is-Killing-Me-Freeing-Yourself-from-Emotional-Traps-at-Work/p185011/]best reading comprehension ebook[/url] llc ebook torrent
mfc 420cn software http://buyoemsoftware.co.uk/product-34611/Microsoft-Windows-7-Ultimate-x64-ENGLISH-Service-Pack-1 best pc backup software [url=http://buyoemsoftware.co.uk/product-10008/Adobe-Premiere-Elements-3-0]world s best anti spy software[/url] computer application software size 1980
[url=http://buyoemsoftware.co.uk/category-100-109/Antivirus-and-Security]Antivirus & Security - Software Store[/url] accounting software great plains
[url=http://buyoemsoftware.co.uk/product-31832/MS-SQL-Server-Find-and-Replace-Software-7-0][img]http://buyoem.co.uk/image/7.gif[/img][/url]
This paragraph presents clear idea for the new people of blogging, that truly how to do blogging.
Look into my web-site - ルイヴィトン
Објави коментар